TED: Зошто на светот му е потребен WikiLeaks
Wikileaks во своето кратко 4 годишно постоење има објавено повеќе доверливи документи одошто сите медиуми во светот заедно, вели Џулиан Асанж, основачот на Wikileaks, во интервју за TED.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Веб. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Wikileaks во своето кратко 4 годишно постоење има објавено повеќе доверливи документи одошто сите медиуми во светот заедно, вели Џулиан Асанж, основачот на Wikileaks, во интервју за TED.
Google објави дека Images страната има над 10 милијарди слики и е стигна до 1 милијарди прегледувања. Но да ги оставиме бројките на страна.
Ако на интернет пребарувате Бостон, ќе добиете линкови до американскиот град, но можеби мислите на бендот. Проблем е што еден збор значи многу работи, oбјаснува Metaweb, стартапот од Сан Франциско кој е најновата аквизиција на Google.
Видео сајтот Vimeo додаде опција со која можете да си ги објавите авторските видеа под една од седумте Creative Commons лиценци.
Првин беа само гласини за Google Me друштвената мрежа, а сега се појави и пreзентација од 212 страни закачена од Пол Адамс, водечкиот истражувач за друштвеното во корисничкото искуство во Google кој работел на Buzz и YouTube.
Zynga, креаторот на FarmVille и MafiaWars, станува импресивен играч во онлајн светот. Со нивните едноставни и лоши на изглед, но сепак друштвени игри, Zynga e бизнис кој се проценува дека во 2011 година ќе има приходи од 1 милијарда долари.
Creative Commons обезбедува бесплатни лиценци на корисниците кои сакат да си го заштитат делот. Овие лиценци помагаат авторското дело да се заштити и да не се изгуби во дигиталниот свет, односно лиценцата означува како може делото да се користи. Вака се штити авторот, но се заштитува и тој што го користи делото за да не дојде до тужби за прекршување авторски дела.
YouTube ја стартува бета верзијата на Leanback, верзија на видео сајтот наменета за телевизијата, т.е за неодамна објавениот Google TV.
Надополнување 09.07.10:: Blizzard се предомисли - Нема да бара од члеовите да постираат со прави имиња и презимиња. Тука ќе го најдете целото соопштение.
Македонија има околу 850.000 интернет корисници, велат графиконите на Google кои земаат податоци од Светска банка. Споредено со другите балкански земји Македонија има повеќе корисници само од Албанија и Црна Гора, но секако мора да се земе в обзир и бројот на жителите на една земја.
Google News добија редизајн фокусиран на персонализирање на веститите. Неколкуте промени ги опфаќаат одбирање на кои категориите од вестите да ви се листаат. Пример, ако сте заинтересирани само за бизнис и спорт, тогаш ги одбирате тие категории и ви се листаат само такви вести. Има и опција да си додадете ваша категорија.
Eдно од најзабавните нешта со Firefox е можноста да се персонализира прелистувачот и тоа функционира перфектно. Mozilla објави дека се симнати над 2 милијарди! додатоци за Firefox, а над 150 милиони се користат секој ден.
Од Баз Олдрин, вториот човек кој одеше на Mесечината, до сегашни и идни, на Twitter ќе најдете голем број на интернационални астронаути кои информираат за случувањата oд таму горе.
Наидов на добра графика на PPCblog.com која објаснува скоро комплетно како функционира Google, од внесување на терминот кој се пребарува до како интернет пребарувачот ги пребарува сајтовите и детали за неговите дата центри.
На италијанскиот Windowsette блог се појави наводно внатрешна доверлива презентација за Windows 8 каде се дискутираат идеи за идната верзија на оперативниот систем.
Клај Ширки, професор по ИКТ на New York Универзитетот, објаснувајќи го Ushahidi, платформа со отворен код за автоматско генерирање информации и нивна визуелизација, вели дека овој проект не би бил можен без дигиталната технологија и без човечката великодушност.
YouTube не е крив за сите видеа на сервисот кои се закачени од корисниците, а кои ги прекршуваат авторските права на Viacom, пресуди американскиот федералниот суд.
ICANN одобори креирање на .xxx домените наменети за порнографската содржина. Првите .xxx домени ќе се појават во 2011 година и ќе бидат волунтерски.
Минатата недела во текстот "Анти-вувузела мерки" објаснив за неколку мерки со кои би можеле да го намалите или целосно избегнете звукот на досадните вувузели кои станаа главна тема на светското првенство во Јужна Африка.. Покрај мал милион Flash игри, Facebook групи, посебни сајтови и петиции со кои се бара забранување на вувузелите, денеска се огласи на оваа тема и Google, со тоа што на YouTube објави опција со која ќе можете при гледањето на било кое видео, да "уживате" во звукот на вувузелите.
Еуфоријата околу светското првенство во Јужна Африка многу јасно се одсликува преку разните маркетинг кампањи. Нема продукт чија реклама, банер или оглас во весник не инволвираат споменување на фудбалот или првенството во некаква мера. Бев пријатно изненаден од банерот на американскиот мобилен провајдер AT&T кој беше објавен на ESPN.com и кој на доста лесен и иновативен начин ги инволвира посетителите, благодарение на проширената реалност.