4 коментари 1 мин. читање

TED: Зошто на светот му е потребен WikiLeaks

Интервјуто е кратко претставување на Wikileaks и нивните методи како преку различни мрежи и енкрипции се пренесуваат доверливите информации. Тие податоци се филтрираат низ земји како Шведска и Белгија кои има закони за заштита на информации, се со цел да се заштити сајтови и објавените документи како и да се зачува идентитетот на тој што ги открива доверливите документи.

Еден таков доверлив документ, инжинерски извештај на помали истекувања на нафта во Албанија, во кој се вели дека конкурентни фирми самите си ги експлодирале нафтените складишта. Во сето ова била вклучена и албанската влада, вели г-дин. Асанж. (oвој дел е околу 11-та минута од интервјуто подолу)>

Можеби најпознат пример со влијанието на WikiLeаks е објавувањето на „колатерално убиство“ видеото каде се откри дека американските војници убија новинари и деца. Целиот случај се појави низ сите странски медиуми извршувајќи притисок за промена на методите на војување.

Погледнете го интервјуто на Крис Андерсон од TED со Џулијан Асанж од Wikileaks.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top