0 коментари 2 мин. читање 29 јуни, 2010

Клај Шарки: Великодушноста е дел од веб културата

„Тоа што јас го нарекувам когнитивен сурплус е можноста светската популација да волонтира, да се вклучи и да соработува на големи, понекогаш глобални проекти.“ вели г-дин. Ширки во својот TED говор.

Платформата Ushahidi е позната по користење во Кенија, и пред се во случаи како земјотресот во Хаити каде со платформата се собраа голем број информации.

Но, тука се и примери како Lolcatz, вели Њујоршкиот професор.

„Иако се најглупави можни креативни актови, сепак и тие најглупави тие актови сепак се креативни актови. Има спектар на лоша и добра работа. Но јазот е меѓу не правење ништо и правење нешто. “

Г-дин. Ширки споменува за експеримент од Израел каде родителите се казнети доколку го земат детето покасно од градинка. Интересно, со воведување на казната се зголемило каснењето на родителите бидејќи нема грижа на совест кон учителите туку таа е заменета со казната. Тоа е затоа што градинките работат на социјални ограничувања кои креираат култура која е подобродушна, односно родителите порано ги земаат децата мислејќи и за другите.

Навраќајќи се кон Ushahidi и Lolcatz се открива дека во самата суштина на двата проекти, колку и да се различни, сепак е тоа дека луѓето сакаат да споделуваат и да креираат, односно луѓето се великодушни.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top