0 коментари 1 мин. читање 15 јули, 2010

Vimeo со опција за додавање на Creative Commons лиценци

„Тоа значи дека иако вие го задржувате авторското право на вашата работа, сега ќе можете да им дозволите на луѓето да го дистрибуираат вашето дело, ремиксуваат или користат за други потреби, комерцијални или некомерцијални. При тоа добивајќи потврда дека вие сте автор на делото.“ објаснува Vimeo.

Toa e, на кратко, суштината на Creative Commons лиценците. При објавување на видеото вие ќе можете со еден клик да си одберете една од 7 опции за лиценци со што ќе си го заштитите делото. Доколку имате претходно објавени видеа, едноставно отидете во опциите (Settings) и додадете им лиценца. Секако лиценците се однесуваат само на авторските видеа, не и превземените.

Vimeo вели дека наскоро ќе овозможи опција за пребарување според Creative Commons лиценците.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top