1 коментар 2 мин. читање 19 јули, 2010

Google го купи семантичкиот Metaweb

Metaweb користи поими/значење или entity со која се прави мапа на сајтовите означувајќи ги сите информации, конекции меѓу луѓето, објектите, градовите итн… и сите зборови поврзани со тие значења.

Токму оваа семантичка технологија ќе може да му помогне на Google да ве разбере убаво што барате и да ви понуди точен резултат извлечен од милијарди други информации. Сега ако пребарувате [настани во Сан Хозе] ќе добиете датуми, место и опис. Тоа не е проблем вели Google, но…

„Но што со [колеџи на западната обала со школарина под $30.000] или [глумци над 40 кои лани имаат добиено оскар]? Овие се тешки прашање и ние го купивме MetaWeb бидејќи веруваме дека работејќи заедно ќе понудиме подобри одговори.“ вели интернет пребарувачот во блог пост.

Пребаручот на Метаweb е Freebase, отворена дата база, која веќе има над 12 милини објекти, филмови, книги, познати личности, компании итн. Најверојотно Google и понатаму ќе ја развие оваа дата база која се полни со корисничка генерирана содржина и подоцна ќе го интегрира во пребарувачот.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@dr_virus
15 years ago

Бараво за гугле секогаш се чекор пред другите ако не се ги купуваат :)

Мени
Заедница
To top
{title}