Надополнето: Одобрени .xxx домените

во Веб

Според ICM Registry кои ги побараа .xxx домените создавање на веб порнографска зона ќе доведе до помалку сајбер криминал, ќе има чисти сајтови без вируси и зоната ќе биде лесна за блокирање. Кој не сака порно ќе остане надвор од неа.

Но според Коалицијата за слободен говор составена од околу 1.000 компании кои се занимаваат со секс кои веруваат дека нивно префрлање на тие домени и создавање на red-light district ќе доведе до регулирање и маргинализација.

„Ако на бордот[кој ќе ги регулира домените] не им се допадне што продуцентот направил ќе има можност да го цензурира. Ова ќе довете до гетозација на нашата индустрија и ќе станеме мета на регулации.“ вели Дајан Дјук од Коалицијата за слободен говор за NewYorkTimes. Таа најави и дека Колицијата за слободен говор ќе продолжи да се бори да се укинат .xxx домените.

(следи првичниот текст.)

ICANN, интернационалната организација за имиња на домени, размислува да воведе посебни домени за порно сајтовите. Порно сајтовите моментално ги користат комерцијалните .com домени. Воведувањето на посебен домен ќе им овозможи на родителите полесно да ги блокираат порно сајтовите, филтрирајќи го само .xxx доменот.

Интересно што иако звучи како добра идеја, сепак овој предлог претходно беше одбиван, прво во 2000 година, па во 2006, па во 2007.

http://news.softpedia.com/images/news2/Site-urile-porno-isi-vor-putea-rezerva-de-acum-adrese-cu-xxx-2.jpgПротив воведување на .xxx доменот стојат две комплетно различни групи. Првата се религиозните анти-порно групи кои велат .xxx доменот ќе делува како официјално признавање на порното и негова легализација.

Од другата, комплетно спротивна страна, стојат борците за слобода на говор кои велат дека постои голема можност во „темната зона“ да се најдат и сајтови како Playboy или други кои објавуваат сексуална едукација, кои најверојатно ќе бидат гурнати во .xxx домените бидејќи содржат сексуално имплицитна содржина.

Затоа ICANN размислува .xxx домените да бидат волoнтерски.

ICANN ќе одлучи за домените во петокот, 12 март, на конференција во Најроби, Кенија. Доколку се одобри .xxx доменот ќе започне да се продава до крајот на годината, велат од одборот на oрганизацијата. На конференцијата ќе се разговара и за религиозниот .god домен како и за .gay доменот.

Надополнето 15.03.10:

ICAAN ја одложи одлуката за воведување на .xxx домените за јуни. Одборот на организацијата им даде две недели на директорот и на главниот адвокат да најдат опции како да се напредува со планот. Тие опции ќе бидат разгледани од бордот и потоа ќе бидат објавени за јавно коментирање и разгледување, а летото ќе биде донесена одлука на состанок во Брисел.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
int
int
15 years ago

Прво и основно не е организација, туку е Корпорација (Интернет Корпорација за доделување на имиња и домени)! Помеѓу Oрганизација и Корпорација има огромна разлика!

csb
csb
15 years ago
Reply to  int

Cool story bro