Редизајнирани и поинтересни Google Images

во Веб

Тоа што е поинтересно е што Google Images доби нов поинтересен изглед, кој е најголемата промена на страната од нејзиното објавување. На страната сега се прикажуваат само слики, без текст под нив, а со поставување на глувчето врз една од нив ќе добиете поголем преглед на сликата заедно со детали како УРЛ адреси, големина и слични слика. Исто така сега на Images се прикажуваат по 1.000 слики на една страна, вели Google.

Комплетно е подобрена и страната на која се покажува кликнатата слика. Наместо мало сликиче горе во аголот, сега се добива голема слика со странично мени, додека сајтот каде се наоѓа сликата е во позадина и затемнет.

*На локалниот google.com.mk се уште не се имплементирани промените, само на google.com

Покрај промените, Google го стартува и Image Search Ad продуктот за пласирање визуелни реклами на страницата за слики. Рекламите нема да се појавуваат на страната со резултатите од пребарувањето, а откупувањето рекламен простор сега ќе биде достапно за сите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
petre
petre
11 years ago

Za povece sobrakaj da imat google go napravile ovoj proekt, da imash dobar internet site strani bi ti se otvorile :P i ke istrosis mnogu MB

види ги сите огласи на kariera.it.mk