Официјално достапна финалната верзија на Firefox 4 за симнување
Ако не ја симнавте новата верзија на Firefox од FTP серверот, сега можете да ја симнете од официјалната страница на македонски јазик.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Веб. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Ако не ја симнавте новата верзија на Firefox од FTP серверот, сега можете да ја симнете од официјалната страница на македонски јазик.
<Надополнето>Објавена е официјната верзија на Firefox 4. Повеќе ќе прочитате тука. </надополнување> Иако се очекува новиот Firefox 4 да биде официјално претставен покасно денес, сепак финалната верзија од прелистувачот е достапен за симнување во моментов преку FTP сервер. Преку серверот ќе најдете фолдери зависно од оперативен систем, а во нив ќе најдете и верзија на македонски јазик.
Интернетот е поголем од било кога. Експанзијата на нови сервиси, експоненцијалниот раст на нови корисници, веб компании кои растат со неверојатна брзина. Можеби е изненадувачки фактот кој следи, но бројките покажуваат дека за ова виновни се - жените.
Интернационалното тело одговорно за интернет домените, ICANN, официјално, после долгогодишна дискусија, го одобри .xxx top-level доменот да се користи за сајтови со порнографска содржина.
URL Hunter или URL ловец е игра лоцирана целосно во URL барот. Ова е еден целосно нов пристап, а развивачот Кори Џонсон вели дека ја склопил по само неколку часа играње со HTML 5.
Digital Crimes Unit на Microsoft во соработка со полицијата ја срушија најголемата спам мрежа во светот Rustok. За големината на спам мрежата говори и статистиката дека 89-90% од сите имејл пораки пратени во светот се всушност спам пораки.
<Надополнето:> Apple велИ дека ова истражување си има свои маани. Blaze за ова истражување користеа апликации кои сами ги развиле, наместо оригиналните производи, како на пример Safari, a во извештајот иако ја имаат дадено оваа информација, имаат напишано дека ги користиле предностите што ги има новиот iOS 4.3, како подобрениот Safari со Nitro енџинот. Apple вели дека апликациите кои го имплементираат UIWebView за да овозможат функции за „сурфање“ како што направиле Blaze, не ги користат подобрувањата до новиот iOS 4.3, и дека тоа можеби е причина за толку високата разлика.
Opera 11.10 бета нуди неколку подобрувања како помоќен Speed Dial, подобрен дизајн, поддршка за уште повеќе веб стандарди и поедноставено инсталирање и употреба на додатоци.
Mozilla Firefox 4 најверојатно ќе се појави на 22 март, тоа е за недела дена од сега, но само доколку нема некоја посебно незгодни грешки и багови во финалната тест верзија на прелистувачот, вели од Демон Сикоре од Mozilla.
PostPost е агрегатор на вести за социјалната генерација кој ви ги прикажува статиите, видеата и сликите кои вашите пријатели ги нашле доволно интересни за да ги постираат на друштвените мрежи.
Blogger на Google доби модерен редизајн. Како што велат на официјалниот блог, 2010 беше голема година за Blogger, а Google ветува дека 2011 ќе биде уште поуспешна.
Microsft ни ветуваат поубава мрежа. Може да се каже дека овој пат навистина се потрудија и дека новиот IE 9 може да се мери со модерните прелистувачи како Chrome и Firefox. Microsoft се решени да се нурнат во иновациите и да ја бутнат мрежата напред, па новиот прелистувач е достапен само за новите оперативни системи Windows 7 и Vista, а оние кои уште користат XP нема да може да ги надградат своите прелистувачи.
Bing на насловната има слика од св. Јован Канео црквата на Охридското езеро. Ова е втора слика, по сликата од дебарското езеро Шпиље, која се појавува на прелистувачот на Microsoft.
Очекуваното е конечно реалност: според најновото истражување на Pew Research Center наречено „Состојбата на медиумите“ 46% отсто од американците читаат вести онлајн во споредба со 40% чиј извор се традиционалните весници.
Закерберг комплетно греши кога мисли дека анонимноста е кукавичка, вели Кристофер Moot Пол, основачот на познатиот и контроверзен форум 4chan за време на South By Southwest конференцијата додека го презентираше својот нов проект Canvas.
Khan Academy е непрофитна организација која цели кон тоа сите да добијат бесплатно и квалитетно образование каде и да се. На страницата има повеќе од 2.100 видеа со едукативен материјал, кои се сржта на нивната идеја, поткрепени од нивниот аналитички софтвер кој ја оформува целата идеја.
Воопшто не е забавно кога некои нерелевантни страници или реклами постојано го наоѓаат своето место на врвот во резултатите на Google. Сега интеренет пребарувачот во војната против таквите страници ја воведува опцијата да ги блокирате несаканите страници за повеќе да не ви се појавуваат во резултатите од пребарувањата.
Adobe предлага нов стандард кој би ја направил мрежата да добие изглед кој сме навикнати да го гледаме во списанијата. Својата технологија ја нарекуваат CSS Regions. Предлогот е испратен до World Wider Web Consortium кој се грижи за Веб стандардизацијата.
Speedtest.net, популарен сервис за мерење на брзината и стабилноста на интернет конекцијата со меѓу 1.5 и 2 милиони тестови дневно, само што направи редизајн на својата страница и воведе неколку нови опции.
Hootsuite, сервис за менаџирање на друштвени сервиси како Twitter и Facebook, ја стартуваше Hootsuite Social Analytics алатката за друштвена анализа.