Adobe сака мрежата да добие „магазински“ изглед

во Веб

Засега не е можно да направиме нешто како на сликата погоре со CSS. Adobe сакаат да ни ја овозможат таа слобода за да можеме да „креираме софистицирани изгледи (layout) кои се во стилот на магазините и списанијата преку користење на CSS.” Уште еден од нивните предлози е делењето на текстот во региони, односно делењето на текстот во колони само преку една линија во CSS. Овие слики се превземени од спецификацијата, па ако сакате да дознаете детали околу нивните предлози, превземете го PDF фајлот овде.

Adobe во последно време покажува голем интерес кон веб базираните технологии. Оваа недела го промовираа и Wallaby, алатката за конвертирање Flash во HTML5, која овозможува flash анимациите да можат да бидат видени од корисниците на iOS на пример. Работат заедно со Google на Chrome на WebKit проектот, а исто така придонесуваат и за JQuery Mobile развитокот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk