Blogger се враќа со помодерен дизајн

Blogger e една од најголемите блогерски платформи на која до сега се напишани пола милијарда постови, а постовите се прочитани од 400 милиони читачи ширум светот. Околу 75% од вкупниот сообраќај доаѓа надвор од САД, а сигурно за таа бројка помага и фактот дека Blogger е достапен на повеќе од 50 јазици (за жал не и на македонски).

Blogger некако во последните години заостана споредено со другите блогерски платформи како WordPress, односно го загуби модерниот дух. Очигледно Google не се спремни да ги препуштат своите блогери и читачи на другите платформи и со новините во овие 2 години сигурно се надеваат дека ќе го задржат огромниот број на посетители.

Во 2010-та, Blogger воведе едноставен темплејт дизајнер за кој не треба да знаете HTML и CSS, со статистика во реално време, филтер за спам коментари, мобилни темплејти за подобрено искуство кога Blogger се гледа од мобилен уред, веб фонтови итн.

Иако како што веќе напоменавме, Blogger во последно време ја губи својата публика од новите блогерски платформи, ни новите начини на комуницирање како Facebook и Twitter не ја олеснуваат нивната работа. Деталното објаснување за новиот интерфејс можете да го видите на видото. најголемите промени се внесени кај уредувачот на текст и dashboard, кои се изградени со Google Web Toolkit. Исто така, на видеото можете да видите и демо од опцијата за откривање на нова и интересна содржина која ќе се базира на блоговите кои ги читате во моментот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments