6 коментари 1 мин. читање

Официјално достапна финалната верзија на Firefox 4 за симнување

Досега прелистувачот е симнат над 530.000 пати, според интерактивната мапа на Mozilla која се обновува постојано. Firefox користат околу 30% од корисниците ширум светот, па оваа бројка сигурно ќе продолжи да се качува.

Во оваа нова верзија, Mozilla се фалат осовено со брзината, велејќи дека Firefox 4 е шест пати побрз од Firefox 3.6. Исто така, може да се каже дека и една од клучните подобрувања е новиот поубав и пофункционален дизајн, како и зголемените опции за сигурност и поддржувањето на новите веб стандарди, заедно со нови опции како Sync и Panorama. Детален опис може да видите овде.

Сепак, иако Firefox 4 е нов и подобрен прелистувач, на почетокот има еден незгоден пропуст.

Инсталирав Firefox 4 и ми напрај disable на пола add-ons поради некомпатибилност. Браос!less than a minute ago via Echofon

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top