Microsoft го сруши Rustok и го намали светскиот спам за 39%

Поради огромната голема на оваа мрежа, нејзиното срушување најверојатно ќе го намали спамот во светот за 39 отсто. Во своето најдобро време, Rustok беше ботнет со мрежа од околу 2 милиони зомбија, кои се способни за праќање и до 30 милијарди спамови на ден. На пример, еден инфициран компјутер од Rustok, може да праќа и до 7.500 спам пораки во 45 минути, што води до бројка од 240.000 спам пораки на ден.

Според еден од блоговите на Microsoft, организацијата се одвивала по следниот редослед: прво главните контролери, односно машините кои можат да им праќаат пораки на зомби машините беа идентификувани. Microsoft веднаш реагираше и заплени една од машините за подетално и понатамошно истражување, чија локација била во САД, па потоа соработува со полицијата од Холандија за да онеспособат некои структури надвор од САД. Во продолжението на укинувањето на структурите преку преку наоѓањето на IP адресите на оние кои праќаат, Microsoft работеше во соработка со CN-CERT за да ја блокират регистрацијата на домените кои можат да бидат користени од нови командни и контролни центри.

Светот уште не е слободен од Rustok целосно, но со самото тоа што е спречено понатамошното ширење на мрежата, е завршен поголемиот дел од работата. Во моментов Microsoft се уште соработува со CERT и провајдерите со цел да исчистат околу еден милион машини кои сеуште се инфицирани.

Спамовите кои ги праќа Rustok се најчесто илегални и потенцијално опасни. На пример, најчест спам на овој ботнет се фармацепциски производи. Затоа и Microsoft во оваа не е сам, туку е помогнат од Pfizer, која е глобална фармацевтска компанија, понатаму FireEye, сигурносна компанија и Универзитетот од Вашингтон.

Видеото е приказ за тоа како оваа операција е изведена.

(via CNet)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Psy
Psy
13 years ago

wikipedia: It consisted of computers running Microsoft Windows, and was capable of sending up to 25,000 spam messages per hour from an infected PC. или 600 000 пораки за 24 часа.

На пример, еден инфициран компјутер од Rustok, може да праќа и до 7.500 спам пораки во 45 минути, што води до бројка од 240.000 спам пораки на ден.

Цвете
Цвете
13 years ago

За тоа е во право .. Кирил.. пазете малку на тие скопски сленгови…

Кирил
Кирил
13 years ago

Дали ке може да пишувате Литературно Македонски ?
Што е тоа Бутна ?