Свет

3.518 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Свет. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Coca-Cola, блогери, друштвени мрежи, 206 земји…

Coca-Cola стартува маркетинг кампања која вклучува друштвени мрежи, блогери и 206 земји. „Expedition 206" е проект кој ќе прати 3 блогери кои ќе се прошетаат низ 206 земји за 1 година. Блогерите ќе разговараат со луѓето за Coca-Cola и нејзините производи и сите патописи, слики, блог постови и видеа ќе ги објават на друштвените мрежи: Facebook, Twitter, Flickr, YouTube...

0 коментари Прочитај 21 октомври, 2009
Редакција
1
Горјан Јовановски Свет Софтвер

Искуство од Моzilla кампот во Прага

Овој викенд во Прага се оддржа втор по ред Mozilla Camp во Европа. Јас ја имав таа можност да присуствувам на настанот кој е посветен на работата и промоцијата на Firefox 3.5. Имаше околку 180 учесници, а целта на кампот е да се запознаат сите локализатори, девелопери, промотери и други помагачи на Mozilla проектот во Европа, како и да се запознаeме со новостите кај Firefox, Fennec, Firebux, Jetpack, новите промоции...

0 коментари Прочитај 6 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хардвер

Нобелова награда за оптички кабли и дигитална камера

Овогодинешната Нобелова награда за физика ќе ја поделат тројца научници чии откритија го овозможија брзиот пренос на дигиталните информации и дигиталната камера. „Наградата оди за две научни достигнувања кои помогнаа да ги промени основите на денешното вмрежано општество.“ се вели во соопштението на Кралската академија на науки на Шведска која ја доделува Нобеловата награда.   Половина од престижната и 1.4 милиони долари вредната награда ја доби Чарлс Као, кој е награден за развојот на оптичките кабли преку кои се пренесуваат дигиталните информации.

0 коментари Прочитај 6 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Герила маркетинг: добра идеја + YouTube + блогери = успех

  Само со мал буџет под 1.000 евра, но со голема идеја и малку интернет промоција, маркетинг агенцијата Novocortex, со герела маркетинг успешно го промовираше својот клиент, холандската осигурителна компанија VrijVerzekerd. За да го изведе добра промоција со малку пари Novocortex направи герила маркетинг кампања „Гребнатини на вашиот автомобил“.

0 коментари Прочитај 10 септември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

6 часа онлајн? Вие сте интернет зависник,ако сте во Кина

Тие стануват од кревет и бргу со војничка уморност се редат во ходникот спремни за дневните активности. Повеќето машки пациенти се тука поради еден проблем - зависност од интернет, пишува BBC, чија новинарка Мичел Бристов го посетила Центарот за развој на психологија на младите во Пекинг, Кина.

0 коментари Прочитај 2 септември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Хулигани, од онлајн форум на улица

Долго време се веруваше дека англиските хулигани се смирени и се однесуваат како што треба. Долго време беше така се до вторникот, кога на натпреварот меѓу West Ham и Milwall се случи огромен инцидент меѓу двете навивачки групи, пред, за време и после натпреварот, кога инцидентот се проширил на улиците каде жителите се „забарикадирале“ во своите куќи, а хулиганите се „бомбардирале“ со цигли и шишиња, велат очевидците.

0 коментари Прочитај 27 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Судот и нареди на Mininova да брише пиратски торенти

Холандскиот суд му нареди на популарниот торент сајт Mininova.org да ги избрише сите .torrent фајлови кои ги прекршуваат авторските права или ќе плати казна од 5 милиони евра, по 100 евра за секој пиратски торент. Mininova беше тужена од холандската анти-пиратска организација BREIN, која ги штити авторските права на музичката и филмската индустрија.

0 коментари Прочитај 26 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Печатен магазин со вметнатa видео реклама

  Во печатеното издание на Enterteinment Wealky на 18 септември ќе се појави видео реклама на CBS и Pepsi Max. „Ова реклама наречена „првата VIP (видео во принт) промоција“ работи како оние аудио честички. Кога ќе ја отворите страната, се појавува мал екран вметнат меѓу страните“ пишува Wired.

0 коментари Прочитај 20 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Radiohead со нова бесплатна песна

  Radiohead продолжува со својот храбар бизнис план. Бендот го објави најновиот сингл „These are my twisted words" на својот веб сајт. Песната е бесплатна за симнување, но ако сакате да придонесете кон работата на бендот тогаш можете да платите колку што мислите дека треба.

0 коментари Прочитај 17 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Googlе, првиот светски бренд вреден над 100 милијарди долари

Google трета година по ред е највредниот бренд во светот, вели Millward Brown, компанија која се бави со бренд и маркетинг истражувања. Најновото нивно истражување покажува дека Google брендот вреди над 100 милијарди долари, што ги прави првиот бренд што ја достигнал таа бројка.

0 коментари Прочитај 7 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Кој стои зад спамот од Нигерија?

  Секој од нас добил барем една е-маил порака од амбасадор или важна личност од некоја афричка земја која бара ваша помош да префрли неколку милиони долари бидејќи е протеран од земјата или неговата сметка е блокрана итн... За трансферот му се потребни вашите информации за кредитна картичка или сметка од банка, а за возврат ќе добиете 10% од парите.

0 коментари Прочитај 22 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Twitter повторно прв во известувањето

Првите вести за експлозија на две бомби во Ritz Carlton и Marriott хотелите во Џакарта, Индонезија кои се случија во раните утрински часови во петокот, се појавија на сервисот за микро-блогирање. Според австралискиот весник ABC News, првиот твит за бомбардирањето бил од Даниел Тумива, кој твитал преку Ping.fm сервисот кој служи за постирање на друштвените мрежи преку мобилен.

0 коментари Прочитај 22 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Вести

Неколку start-ups од Израел

„Start-up“ терминот често се користи за да се посочи на нови ИТ компании или проекти кои се во развој. Глобалната start-up сцена е огромна бидејќи интернетот е игралиште за многу разновидни, иновативни и корисни идеи за онлајн сервиси. Дел од таа сцена неодамна се презентираше во Тел Авив каде се се одржа TWS 2009, настан на кој беа промовирани неколку израелски start-up компании и ИТ проекти.   На ТWS 2009 беа претставени 10 проекти, целата листа можете да ја најдете на TechCrunch, а ние издвоивме само неколку кои според нашето мислење навистина имаат што да понудат.

0 коментари Прочитај 21 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Со блог до Јужниот пол

Трчајќи 110 километри низ Сахара, екстремниот спортист Реј Захаб станува свесен дека светот има проблем со недостаток на вода. Тој станува свесен дека тие проблеми најмногу влијаат на младите. Затоа за да ја подигне свеста за екологијата тој се одлучува на авантура кон Јужниот пол. За таа негова авантура на Антартика, која евентуално ќе заврши […]

0 коментари Прочитај 3 јули, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Брзиот и квалитетен интернет, клуч за економски развој

Kвалитетниот и брз интернет, како и услугите во мобилната телефонија, претставуваат можност за развој на повеќе области на економијата, се вели во најновиот извештај на Светската банка во кој се презентирани опсежни анализи за тоа како ИКТ влијае на економскиот раст на земјите во развој.   Според Information and Communications for Development 2009: Extending Reach and Increasing Impact извештајот, секое зголемување на интернет конекциите од 10%, резултира со зголемување од 1.3% на економскиот развој. Исто така, анализите покажуваат дека мобилната телефонија е најмоќното средство за дистрибуција на јавни и приватни услуги до стотици милиони луѓе од оддалечените рурални области.

0 коментари Прочитај 2 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Аналитички поглед на иранскиот интернет

Протестите во Иран продолжуваат. Иако се прогласени како нелегални од Ајатолах Али Кхаменеи, врховниот лидер на Иран, сепак активистите повторно излегоа на улиците и се судрија со полицијата. Има и жртви... видеото снимено со мобилен за иранската девојка Неда Солтан во моментите на умирање откако беше застрелана, е еден од најбараните термини преку друштвените мрежи. Интернетот стана алатка преку која светот дознава за деталите од протестите, додека владата на Иран се обидува да го блокира.

0 коментари Прочитај 22 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот?

Џејми Томас-Расет е казнета со 1.92 милиони долари казна бидејќи споделувала 24 песни заштитени со авторски права преку сервисот Kazaa. Таа е првиот индивидуалец кој што е суден и казнет за споделување на фајлови. Г-ѓа. Томас-Расет прв пат беше казнета 2007 година кога судот ја осуди за виновна и ѝ нареди да плати казна од 220.000 долари. Таа потоа бараше ново судење и ауч... Сега наместо 200.000 долари таа треба да плати скоро 2 милиони долари за 24 песни, по 80.000 од песна.

0 коментари Прочитај 20 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Twitter е потребен за протестите

(© http://www.flickr.com/photos/mousavi1388/) Незадоволни од повторното избирање на Махмуд Ахмадинеџад како претседател на Иран, веќе два дена низ улиците на Техеран, активисти и приврзаници на Мир-Хосеин Мусафи, против-кандидатот на претседателот Ахмадинеџад, се судрија со полицијата. Според активистите резултатите од изборите се наместени за да победи досегашниот претседател Ахмадинеџад кој во својата кампања ја искористи „Yes, you can“ паролата на Барак Обама, претседателот на САД.

0 коментари Прочитај 17 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Тwitter експеримент во училница

Соочена со 90 студенти во училница, атмосфера која е тешко за секој професор да ги вклучи сите студенти да придонесат во наставата, професорката Моника Ранкин од Универзитетот на Тексас во Далас, САД, се одлучи со технологија да го привлече вниманието на студентите. Професорката по историја знаејќи дека не секој студент има лаптоп, но повеќе од нив имаат мобилен, се решила да го искористи Twitter како платформа, иако и таа самата била почетник во микро-блогинг друштвената мрежа.   „Повеќето предавачи ќе се согласат дека големите класови во училници налик на аудиториуми/слушални ги ограничуваат опциите за професорите само на предавање, предавања и уште предавање. Повеќето предавачи ќе се согласат дека ова не е ефективен начин за предавање. Јас сакав да најдам начин да влесам повеќе студентско ориентирани техники за предавања и да ги вклучам студентите во наставата" пишува г-ѓа. Ранкин.

0 коментари Прочитај 9 јуни, 2009
Мени
Заедница
Изглед