6 часа онлајн? Вие сте интернет зависник,ако сте во Кина

во Свет

Кинеските центри за лечење зависност постојат уште од 2005 година, а станаа актуелни откако пред недела-две 14-годишно дете беше најдено мртво во еден од центрите. Подоцна се појави уште еден случај на претепано дете.

Иако Тао Ран, директорот на центарот посетен од BBC, вели дека тие не користат насилство врз пациентите туку „љубов и наука“, новинарката вели дека „центарот кој тој го води сигурно не е камп за забава“ бидејќи оделението се наоѓа во болницата во база на кинеската армија.

Според Wikipedia, интернет зависнист е прекумерно користење на интернет што попречува со секојдневниот живот. Но според Wikipedia ова е тема која се уште се дебатира во западниот свет. Според д-р. Тао секој кој поминува повеќе од 6 часа на интернет и не е заинтересиран за училиште е интернет зависник. Дел од програмата на д-р. Тао е и да ги научи родителите да имаат подобар однос со тинејџерите. По консултациите самите родители признаваат дека дел од проблемот со зависноста е до нив и начинот на кој функционира фамилијата. Еден родител дури изјавил дека „Верувавме дека нашето дете треба да прави тоа што ние ќе му кажеме“, други пак ги малтретирале тинејџерите, тепале, исмејувале со цел да ги отргнат од интернетот, пишува BBC.

„Тие што се господари на интернетот се херои. Тие што се контролирани од интернетот се робови.“ е еден од слоганите закачени во кинескиот центар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk