„Од една страна постои голем интерес од локалните корисници за нашите производи па затоа сакаме да им понудиме корисни и иновативни алатки на локалниот јазик. Од друга страна, сакаме да им помогнеме на хрватските компании, како и тие од регионот, да бидат присутни т.е. да се најдат на интернет, и да им покажеме како можат да профитираат од онлајн маркетингот, посебно во денешнава економска криза.“ вели Храбрен Сукнаиќ, регионален менаџер на Google за јадранскиот регион.
Моќта на Google е во AdWords сервисот кој одредува која реклама ќе се најде на страните на Google според клучните зборови, односно АdSense апликацијата која овозможува пласирање Google реклами на други сајтови.
„Најпознатиот веб пребарувач не е тука само да ни пружа „бесплатни“ услуги туку и да преку тие „бесплатни“ услуги заработи нешто“ пишува блогерот Среќко Хорват, кој зборот бесплатно го става во наводници зошто „за тие „бесплатни“ услуги ние плаќаме со нашите податоци“.
Бидејќи Google отвара канцеларија во Хрватска, во контекст со текстот погледнете го краткиот прилог од HRT2 кој ги објаснува онлајн рекламите на Google.
Секако, Google е присутен насекаде, но со отварање локална канцеларија ќе има тим кој ќе се фокусира на регионот и ќе може да се изработат подобри сервиси. Пример, Google сервиси на локални јазици, како што спомена г-дин. Сукнаиќ. Сепак какво ќе биде влијанието на Google на Балканот ќе зависи од интересот на гигантот за регионот, но и интересот на компаниите да се рекламираат на пребарувачот.






