Чип технологијата на Americhip која се користи за видеото, може да прикаже дури 40 минути содржина. Видео-рекламата трае 70 минути и ќе биде со батерии кои ќе можат да се полнат со мини-USB. Нормално, ова ќе чини повеќе од обичната принтана реклама.
„Сепак, вакви храби, бебешки чекори можат да донесат до драматичната промена во медиумите. Со тоа кажано, логичната крајност на сегашниот бран на технолошки иновации води повеќе кон дигитална репродукција на принтаното искуство“ пишува Wired кој го дава Kindle читачот како пример за следниот чекор за весниците, наместо „ултратенок хардвер вметнат меѓу страниците“.
Претходно ваков обид да се „откријат повторно“ печатените медиуми имаше и магазинот Esquire кои го објави својот 75 број со е-масло технологијата, истота технологија која се користи за Kindle.
Нивниот обид заврши така што само дел од страната светка или како што Wired пишува „добро сработено Esquire, ако сакате да ги спасите печатените весници од смрт поради интернетот, тогаш не го имитирајте најлошиот аспект на интернетот – Flash банерите.“