Герила маркетинг: добра идеја + YouTube + блогери = успех

во Свет

„Закачивме лепенки кои изгледаат како гребнатини на скапи автомобили низ големите градови. Гребнатините беа испечатени на статична лепенка, ниско технолошка иновација во печатеното рекламирање. Статичната хартија се лепи бидејќи има малку статички електрицитет. Нема лепак на неа, така да лепенката може лесно да се отстрани.“ објаснуваат од Novocortex.

Кога ќе ја закачат лепенката, тие ја снимале реакцијата на сопствениците на автомобилите (скриена камера), а и видеото го објавиле на YouTуbe. Многу бргу добиле над 7.000 прегледи во првите 3 недели и станале 29-то видео на листата на најгледани YouTube видеа во Холандија.

„7.000 прегледи на видео се мала бројка во САД, но е голема во Холандија.“ пишува Novocortex. Сепак се работи за локална компанија, нели? Затоа често закачувале лепенки и на Vespa скутерите, бидејќи се популарни во Холандија.

Кои се резултатите од оваа герила кампања?

YouTube видеото било забележано од холандските блогери. Веста се раширила низ 20 холандски блогови, сајтови и онлајн заедница каде 45.000 луѓе се запознале со кампањата, а сообраќајот на сајтот на VrijVerzekerd се зголемил 3 пати и луѓето потрошиле 20% повеќе време на сајтот. Огромен ефект за едноставна кампања која чини помалку од 1.000 евра.

Ова може да послужи како идеја за помалите бизниси лесно, ефективно и ефтино да го искористат интернетот како медиум и платформа за споделување и со едноставна, но генијална герила маркетинг кампања до постигнат вирален ефект и популарност на својот продукт или услуга.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments