(Ова е гостински текст на Горјан Јовановски кој присуствуваше на кампот на Мozilla. Горјан е организатор на неодамнешната Mozilla промоција во Скопје.)
Дводневниот камп се одржа во хотелот „Andel’s“, каде што сите бевме сместени. Петокот беше ден за пристигнување, па вечерните часови беа посветени на џез клубови и запознавање.
Во саботата, првиот ден од кампот, бевме сместени во огромна сала каде организаторите и луѓето од Mozilla зборуваа за досегашните проекти и за тоа што е планирано за иднина. Се открија повеќе интересни проекти, како и податоци за користеност на локализационите верзии. Македонија се најде на 30-то место, што е доста добро бидејќи се гледаше само бројот на корисниците, а не и споредба со населението.
Пред конференциските сали имаше голем лист на кој беше обележана целата историја на Mozilla и нејзините проекти. Луѓе ја дополнуваа со нивни настани и активности.
Вечерта повторно беше резервирана за забава. Mozilla организираше пловење по реката Влтава, а до самиот брод не донесоа историски трамваи резервирани за Mozill-ианците.
Бевме поделени на 4 групи, во зависност од областа за која сакаме да дознаеме повеќе. Имаше дел за девелопери, промотери, локализатори и луѓе кои ќе се грижат за квалитетот на сите Mozilla проекти. Повеќе за тоа како се одвиваше промоцијата можете да видите овде.
Јас присуствував на маркетинг митинзите, каде што во неделата оддржав и говор за активностите на Mozilla Македонија. Се собираа идеи, се раскажуваа настани и се споделуваа искуства. Целиот состанок се одвиваше интерактивно, и сите присутни можеа да го искажат нивното мислење.
Многу се зборуваше исто така и за „Отворениот Интернет“ или познато како „The Open Web“ значењето на слободата на интернетот и како може тоа ние да го зачуваме.
Сите се збогувавме во неделата, малку тажни што мораме да се збогуваме со сите истомисленици, но радосни поради сите нови идеи со кои ќе се вратиме во нашите земји и ќе можеме да ја продолжиме нашата мисија на ширење на Mozilla духот. :)


