„Бројот на интернет корисници во земјите во развој се зголеми за неколку десетици пати во периодот од 2000 до 2007 година, а исто така има околу 4 милјарди корисници на мобилни телефони во овие земји,” вели Мосен Калил, директор за информатички и комуникациски технологии во Светската банка. „Овие технологии нудат извонредни можности. Владите можат да работаат заедно со приватниот сектор на проширување и подобрување на широкопојасните мрежи, како и доближување на услугите до посиромашните корисници.”
Широкопојасниот интернет е важен за локалните ИТ компании кои овозможуваат вработување за млади луѓе, подобрување на продуктивноста и извозот, како и промоција на социјалното здружување. Земјите во развој треба да ја зграпчат оваа неискористена можност, која бележи помалку од 15% искористеност на потенцијалниот глобален пазар на ИТ услуги. Во 2007 година, овој пазар забележа промет од околу 500 милјарди долари.
Според економистот и уредник на извештајот на Светската банка, Кристин Зен-Ваи Кванг, „Владите треба проактивно да го охрабрат развојот на ИТ компаниите преку стимулативни мерки и иницијативи насочени кон менаџерите и приватниот сектор, како и со инвестирање во знаење и инфраструктура.
Анализите покажуваат дека современите технолошки влади можат да бидат поефикасни, потранспарентни и поодговорни. Истражувањето спроведено во повеќе од 30 земји, покажува дека за успешна е-Влада потребни се организациски промени кои треба да бидат водени од високо ниво на политичка посветеност и ефективна координација.
Според Кетрин Сиера, потпретседател за одржлив развој во Светската банка, „Пристапот кон широкопојасните мрежи го комплетира процесот на создавање на информациите во модерните економии и треба да биде приоритетна задача во националните развојни планови. Владите може да ја одиграат клучната улога во проширување на широкопојасниот интернет преку мерки и активности кои ќе ја охрабрат конкуренцијата и приватните инвестиции.”
Извештајот е изработен врз основа на искуствата од вклученоста на Светската банка во овој сектор. Банкарската групација е најголемиот меѓународен донатор на средства наменети за развој и поддршка на ИКТ проектите во преку 100 земји ширум светот, со буџет од преку 3 милјарди долари.
