Свет

3.518 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Свет. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Свет

Guardian.co.uk: Се фокусираме на дигиталното издание бидејќи тоа е иднината

Guardian News & Media станува „digital-first“ организација, односно сега приоритет ќе им биде новинарското присуство на Веб. Извршниот уредник Алан Русбриџер им се обрати на вработените велејќи дека „ги надминуваме весниците, го менуваме фокусот, трудот и инвестициите кон дигиталното, бидејќи тоа е иднината.“ Guardian.co.uk е еден од поголемите светски медиуми, со 50 милиони посетители месечно, […]

0 коментари Прочитај 17 јуни, 2011
Редакција
1
Ѓоко Крстиќ Свет

Од машини за пишување до роботи кои разбираат. Среќни 100 лета IBM!

Пред 100 години, во 1911-та, три мали компании се споија да станат Computing-Tabulating-Recording Company, или тоа што подоцна стана International Business Machines или IBM. Тогаш правеа машини за пишување и часовници за фабрики, а денес роботи кои разбираат прашања и кои со леснотии ги победуваат луѓето.

0 коментари Прочитај 16 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

BBC iPlayer ќе стартува низ Европа до крајoт на годинава

Доктор Ху и други популарни британски шоуа наскоро ќе бидат достапни за гледачите ширум Европа. BBC до крај на годината ќе ја стартува интернационалната верзија на својата дигитална телевизија iPlayer. Вториот дел од iPlayer е радио сервис со разните BBC радиа, но тие се достапни преку веб за секој.

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Свет

Протестите за #martin на Al Jazeera и како телевизиите треба да користат друштвени медиуми

Протестите против полициска бруталност станаа тема на дискусија на катарската Al Jеzeera телевизијата, која е арапски еквивалент на западните модерни телевизии како CNN. „Протестантите веруваа дека дечкото е убиен од озогласената ‘Тигар’ единица. Властите на почеток велеa дека телото е најдено без повреди, а со денови владини медиуми одбиваа да го покријат убиството на Мартин. […]

0 коментари Прочитај 14 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Апсења на Anonymous членови? Tројца во Шпанија, 32 лица приведени во Турција

Турската полиција притвори 32 лица кои се поврзани со интернет нападите од пред три дена врз владини сајтови како протест против воведувањето на филтрите за интернет цензура. Наводно, според новинската агенција Anatolia, приведените, кои се од 12 турски града, се дел од групата хакери и интернет активисти, Anonymous.

2 коментари Прочитај 13 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Интернет пристап е човеково право, одлучија Обединетите нации

Секое исклучување на луѓето од Интернет или ограничување на пристапот до информациите онлајн ќе значи и прекршување на основните човекови права кои се заштитени со интернационално право, се вели во извештајот на Обединетите нации.

1 коментар Прочитај 9 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Играње Angry Birds во живо

Со цел да се промовира брендот, T-Mobile во Барселона постави платформа за играње Angry Birds во живо. Не сум баш сигурен како успеале да го направат ова во видеото, но изгледа навистина кул, посебно кога експлодираат свињите. Дури има и оркестар кој ја свири музиката од Angry Birds.

2 коментари Прочитај 9 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Хрватскиот Trambus и српскиот Taksiko се финалисти на европскиот Startup 2.0

Две регионални мобилни апликации влегоа меѓу петте финалисти на Startap 2.0, европски натпревар за мобилни апликации. Trambus и Taksiko ќе имаат шанса да импресионираат на Nonick, интернационална конференција за интернет трендови во Билбао на 17-18 јуни.

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Свет

Дизајнирајте го нашиот албум и заработите од него – ова е одличниот вирален модел на Kaiser Chiefs

Многу инди бендови се имаат популаризирано благодарение на интернетот и социјалните медиуми, а тие што се веќе популарни, интернетот го користат за промовирање на нивниот нов материјал. Овие бендови не зависат од големите дискографски куќи за да ја промовираат својата музика, оттука поголемиот дел од профитот оди кај нив самите. Но, не е доволно само качување на песна на YouTube, потребна е креативност, а одличните Kaiser Chiefs тоа го имаат.

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

8-бита против реалноста

Подолу се неколку креации од британскиот дизајнер Алед Луис кој ја измеша реалноста со карактери од познатите, добри и стари видео игри кои ги игравме на првите компјутери.

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

E3 Expo 2011, надминувајќи ја фантазијата

Следната недела започнува најголемиот саем на конзоли и видео игри Electronic Entertainment Expo или Е3. И покрај постоењето на неколку други поголеми саеми за видео игри Е3 се смета за најголем и највлијателен саем за видео игри, конзоли и опрема поврзана со видео игри. Саемот прв пат е одржан 1995, од тогаш до сега се одржува секоја година на крајот на Мај или почетокот на јуни во L.A. Convention Center. Годинава се одржува од 6-9 јуни, а програмата започнува на 6 јуни со пресконференција на Microsoft.

2 коментари Прочитај 4 јуни, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Друштвени мрежи Свет

Кул #turkcelltweet вирална кампања

Брендовите претежно се упатуваат кон Facebook кога сакаат да промовираат нова онлајн кампања, но турскиот телеком Turkcell покажа дека и со помош на Twitter може да се направи одлична онлајн кампања. Turkcell организираше многу креативна кампања користејќи ги можностите, како ретвитови и хаш-тагови, кои ги нуди Twitter.

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хак-атак/Приватност

Anonymous украде имејлови од иранските власти, спремаат DDoS напад

Контроверзните интернет активисти и хакери Anonymous објавија 10.000 имејл пораки од иранското Министерство за надворешни работи. Објавените имејлови од таканаречената „Операцијa Иран“ содржат листи од одобрени и одбиени визи и пасоши, покрај други дописки.

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет Совети

Овој тип го има мојот лаптоп! Корисник го следел крадецот со безбедносна апликација

Џошуа Кафман не само што го сликал крадецот на својот MacBook користејќи безбедносна апликација, туку и стартувал tumblr блог со име thisguyhasmymacbook.tumblr.com со цел да ја мотивира полицијата да реагира.

4 коментари Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Сајбер напад е повик за војна, одреди американскиот Пентагон

Американскиот Пентагон одлучи дека компјутерска саботажа или сајбер напад кој доаѓа од друга земја е повик за војна на кој може да се одговори со користење на традиционални воени сили. Ова е одредено во првата официјална сајбер стратегија на Пентагон.

1 коментар Прочитај 31 мај, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни Свет

Microsoft заработува пет пати повеќе од Android отколку од Windows Phone

Во најновиот извештај на аналистот Волтер Причард стои дека Microsoft заработува пет пати повеќе од Android телефоните отколку од нивните Windows телефони. Ова навистина звучи многу чудно, но не и невозможно доколку се знае историјата на Microsoft и нивните тужби.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Samsung сака да го види iPhone 5 и iPad 3 за да се подготви за тужби

Адвокатите на Samsung поднесоа барање да ја видат најновата, следна генерација на iPhone, „безврска дали телефонот се вика iPhone 4S, iPhone 5 или некое друго име, заедно со финалната верзија на пакувањето со кое продуктот ќе биде испорачан“.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Гери Вeјнерчaк за дали би инвестирал во европски стартапи

Престанете да плачете што во вашата земја има само 4 милиони жители, и почните да сфаќата колкава предност е тоа. Ова е совет за сите европски инвеститори од Гери Вејнерчак, популарниот винар кој користејќи ги друштвените медиуми си го зголеми бизнисот со вино од 4 милиони на 60 милиони. Човекот е познат и по своите неверојатни мотивирачки говори на бројните сцени и настани каде објаснува како правилно да се искористи моќта на друштвените медиуми.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Дигиталното секојдневие: денес и утре

Од 7 милијарди луѓе на планетата, скоро 2 милијарди луѓе се поврзани на Интернет. Oд сите интернет корисници 500 милиони се на Facebook, 150 милиони се на Twitter. Тие прегледаа 2 милијарди видеа на YouTube и симнаа 7.9 милијарди мобилни апликации. Од нив 71 отсто се од Apple App Store. Има скоро 5 милијарди мобилни претплати, 470 милиони корисници на паметни телефони, 15 милиони корисници на iPad...

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

И платените MMORPG се префрлаат на freemium модел со микротрансакции

Една од најпомпезно најавуваните игри во времето на своето излегување Age of Conan реши да го промени начинот на претплата. Почнувајќи од ова лето насловот кој беше најавуван како можен „убиец на World of Warcraft” ќе се префрли од месечна претлата на freemium модел. Ова судејќи по досегашните искуства на другите игри кој се префрлиле на овој модел најверојатно ќе значи поделба на играчите на бесплатни и премиум со тоа што на бесплатните играчи ќе им бидат ограничени некој напредни опции.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Мени
Заедница
Изглед