Првин iPlayer ќе биде достапен само за корисниците на iPаd, потоа на веб, мобилни и други уреди како PlayStation 3, а претплатата ќе чини околу 6 фунти (414 денари) месечно, иако, како што пренесува Guardian, претплатата се уште не е одредена конечно.
Интернационалниот iPlayer ќе има различна содржина од британскиот кој ги има само најновите емисии кои се прикажуваат на BBC и кој ги има содржините кои ја засегаат само британската публика, што нема да ги има во новата верзија. Интернационалниот сервис ќе има мешавина од стари и нови емисии, а емисиите ќе бидат соберени во неколку жанрови како музика, комедија, документарци и историја на природата.
Пилот проектот ќе почне летово, и iPlayer ќе биде достапен до крај на годината во Европа, но нема одреден датум за кога ќе биде достапен во САД.