Хрватскиот Trambus e веб и Android апликација за јавен превоз со возен ред и околу 100 линии и 1.600 уникатни станици лоцирани со GPS. Апликацијата има информација за сите време на поаѓање и пристигнување на автобуси и трамбуси, колку станици ќе се пројдат до крајната дестинации, кои се тие станици, за колку отприлика време ќе се стигне до посакуваната станица. Аndroid верзијата нуди и алтернативни рути за патување до таа дестинација.
Српскиот Тaksiko e „лесен и безбеден начин да се повика такси“. Апликацијата ги поврзува корисникот и таксистот во дирекна комуникација споделувајќи ја рутата преку мапа и цената колку ќе чини превозот. Aпликацијата ги следи и сите таксисти кои го имаат системот, и планира да ги наградува сталните корисници на апликацијата. Има статистика и архива за превози, а може да се користи кредитна картичка или кеш за плаќање. Taksiko е креирана од белградската компанијата Godzilion.
Meet Taksiko from Godzilion on Vimeo.
Покрај овие две апликации, другите три финалисти се турскиот Nightbits, апликација за пребарување на настани,британскиот EdukidsApp за деца и португалскиот Mobitto, апликација за прегледување продукти, добра и услуги.
(via Netokracija)








