Најголемиот развој компанијата го забележува на почетокот на 60-тите кога започнуваат да прават хард дискови, флопија, магнетна лента која се користеше на архаичните компјутери за запишување, баркодови… тие години персоналните компјутери не беа поимливи бидејќи самите машини беа огромни, како цели соби, па сите производи на IBM се користеа од огромни компании и проекти, како на пример NASA.
По 80-тите IBM започна да се ангажира со персоналните компјутери но тогаш наиде на поголема конкуренција, првин креаирајќи го IBM 5100, својот прв преносен компјутер. Но, заостанувајќи на пазарот во 2005-та IBM се откажа и го продаде својот бизнис на персонални компјутер на Lenovo.
Денес, 100 години од постоањето, IBM e ориентиран кон развивање на облак технологијата и креирање на иновативен софтвер и решенија по барање на своите клиенти.
Повеќе за импресимната историја на International Business Machines ќе најдете на Wikipedia.
Слика oд Computing-Tabulating-Recording Co., производеители на International Business Machines, кои креираат машини за собирање податоци од картички кои се отчукуваат во фабрика.
Видео од Watson, суперкомпјутерот кој разбира прашања и може да се натпреварува со луѓето.
Краток филм за IBM.