„Специјалните известувачи веруваат дека Интернетот е една од најмоќните алатки на 21-виот век за зголемување на транспарентноста во однесување на моќните, пристап до информација, и за вклучување на активните граѓани во градење на демократско општество.
Навистина, неодамнешниот бран на демонстрации од земјите ширум Средниот Исток и регионот во Северна Африка покажаа дека клучната улога која ја одигра Интернетот е мобилизирање на популацијата да повика за праведност, еднаквост и одговорност и поголема почит за човекови права.“
Токму овие доблести на Интернетот кои ги наведуваат специјалните известувачи на ОН може да се забележат и на неодамнешните протести во Македонија против полициска бруталност, кога онлајн заедницата со помош на друштвените мрежи организираа протести барајќи транспарентност и отвореност од властите.
Во извештајот се вели дека Интернет пристапот има две димензии, едната е пристап до онлајн содржина, а втората е инфраструктура да се овозможи тој пристап, наведувајќи дека нема да биде лесно да се поврзат сите луѓе во светот, бидејќи електричната енергија се уште е недостапна за многу земји во развој. Се наведува и дека земјите ќе треба да направат одредени правила и стратегии за развивање на стратегија сите да бидат поврзани на Интернет. Покрај ОН, и Европската унија форсира поврзување на сите европски граѓани на интернет до 2015-та со цел да се креира поефикасни економски и е-влада сервиси.
Значи да не се лажеме човек може да живее и без интернет.
Нека не мачкаат очи и бегаат од главната тема убиство на 6 000 000 цивили во Ирак и Афганистан да не говориме за Палестина
Би им препорачал на он да се занимаваат со тоа како се убиени 6 000 000 цивили во Ирак и Афганистан
Освен тоа еден вид цензура нели е и викиликс ?
Него работата е тоа што западните медиуми не можат да перат мозок и да лажат како во сад и еу