Официјално достапна финалната верзија на Firefox 4 за симнување
Ако не ја симнавте новата верзија на Firefox од FTP серверот, сега можете да ја симнете од официјалната страница на македонски јазик.
Софтвер вести, анализи, алатки, апликации и практични водичи за продуктивност, развој и дигитална работа. IT.mk ги следи најважните софтвер трендови за корисници и професионалци.
Ако не ја симнавте новата верзија на Firefox од FTP серверот, сега можете да ја симнете од официјалната страница на македонски јазик.
(Oва е гостински текст на Арангел Ангов, долгогодишен член и придонесувач во фондацијата и проектот GNOME, како и член на 2с.мк и хаклабот КИКА.) Како дел од Google Summer of Code, фондацијата GNOME им дава на сите заинтересирани кандидатки шанса да учествуваат во еден од најголемите проекти во светот на слободниот софтвер, работната околина (или десктопот) GNOME. Иницијативата на фондацијата GNOME, GNOME Women Outreach Program е одлична шанса за младите студентки по компјутерски науки од македонските универзитети да добијат можност да работат заедно со луѓето од GNOME заедницата кои што ќе учествуваат во проектите како тутори со долгогодишно искуство во понудените области.
Некои веб апликациите кои се стартувани од home screen на цел екран на iPhone или iPad, наместо преку Safari прелистувачот, не го добиваат ветенота 2.5+ пати побрзо функционирање со JavaScript за iOS3.
<Надополнето:> Apple велИ дека ова истражување си има свои маани. Blaze за ова истражување користеа апликации кои сами ги развиле, наместо оригиналните производи, како на пример Safari, a во извештајот иако ја имаат дадено оваа информација, имаат напишано дека ги користиле предностите што ги има новиот iOS 4.3, како подобрениот Safari со Nitro енџинот. Apple вели дека апликациите кои го имплементираат UIWebView за да овозможат функции за „сурфање“ како што направиле Blaze, не ги користат подобрувањата до новиот iOS 4.3, и дека тоа можеби е причина за толку високата разлика.
Opera 11.10 бета нуди неколку подобрувања како помоќен Speed Dial, подобрен дизајн, поддршка за уште повеќе веб стандарди и поедноставено инсталирање и употреба на додатоци.
Mozilla Firefox 4 најверојатно ќе се појави на 22 март, тоа е за недела дена од сега, но само доколку нема некоја посебно незгодни грешки и багови во финалната тест верзија на прелистувачот, вели од Демон Сикоре од Mozilla.
Total Immersion кои се глобални лидери во проширената (дополнета) реалност ја креираат првата апликација за iPad 2. Апликацијата е наречена “AR Magic Mirror” и им овозможува на корисниците да „испробаат“ разни фризури, облеки или модни додатоци одгледувајќи се од таблетот.
Microsft ни ветуваат поубава мрежа. Може да се каже дека овој пат навистина се потрудија и дека новиот IE 9 може да се мери со модерните прелистувачи како Chrome и Firefox. Microsoft се решени да се нурнат во иновациите и да ја бутнат мрежата напред, па новиот прелистувач е достапен само за новите оперативни системи Windows 7 и Vista, а оние кои уште користат XP нема да може да ги надградат своите прелистувачи.
Политиката за слободен софтвер ќе треба да воведе правила за набавки, препораки и мотивација да се користи слободниот софтвер низ сите државни и јавни институции. Текстот веќе е спремен од експертите и сега се стартува со јавни расправи, кои ќе се одржат од 14-ти до 22-ри март во Тетово, Штип, Скопје и Битола, со цел да се чујат други препораки и мислења за што треба да се додаде и досреди со цел да се добие национална политика креирана од и користена од самите корисници. По јавните дискусии НПСС ќе биде доставена до Владата со цел истата да се усвои.
Twitter воведе нови услови за користење за надворешни развивачи кои ги ограничуваат во креирањето на нови клиент апликации и предизвикаа бран на несогласувања во развивачките кругови. Причината за новите високи стандарди за креирањето на апликациите, како и можноста Twitter да ја одбијат секоја апликација која не им се допаѓа, како што наведуваат од Twitter е стандардизацијата на искуството при користењето на Twitter, кое сакаат да е исто за постојано растечкиот број на корисници.
Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.
Start faster е додаток за Firefox со кој ќе го стартувате прелистувачот на Windows Vista или 7 за 100% побрзо од досега.
На хакерскиот Pwn2own напревар Safari падна за изнанадувачки 5 секунди, земајќи му го приматот на IE како прелистувач кој си има традиција на најбрзо паѓање. Pwn2own e натпревар за хакерски вештини кој се фокусира на веб прелистувачи и мобилни уреди. Целта е сигурносните експерти успешно да ги компромитираат, и за тоа освојуваат парични награди, а компаниите ги учат своите слабости.
HP ќе инсталираат WebOS на сите персонални компјутери почнувајќи од 2012, најави директорот на HP, Лео Апотекер. Со овој чекор, во исто време ќе привлечат повеќе развивачи за WebOS апликации, а исто така и за да ја направат транзицијата на оперативниот систем од мобилните уреди на десктоп.
Новиот iOS за iPhone, iPad и iPod touch можете да го симнете преку iTunes, откако ќе го конектирате вашиот уред. Има новини во AirPlay, воводувањето на Personal Hotspot, iTunes споделување и забрзување на Safari.
Победник на последниот Codefu Shortest Solution натпреварот е Бојан Костадинов, кој исто така учествуваше и на IEEExtreme, каде со екипата го освоија 4-то место во конкуренција со екипи од целиот свет.
Моzilla Firefox 4 Release Candidate 1 е достапен за симнување на македонски јазици. Firefox 4 RC 1 ги содржи новините како Sync и Panorama. Но, oваа верзија на прелистувачот не е конечна, туку е кандидат за објавување, сè уште во фаза на тестирање и собирање фидбек од корисниците, па може да се појави по некој проблем при користењето.
Аpple објави 14 видеа преку кои ги претставува можностите и опциите на новиот iPad 2. Видета очигледно се наменети да привлече повеќе корисници, да го промовира уредот и да ги истакне новините како FaceTime, Airplay, iMovie...
Новиот Googlе Chrome има побрза JavaScript, редизајнирани подесувања и синхронизација на лозинките. Ако уште не користите Google Chrome, пробајте ја новата верзија овде, а ако веќе го имате инсталирано овој прелистувач автоматски ќе ви биде надграден.
Ако сакате да пробате некое ново Google АPI сега тоа можете да го направите без да инвестирате премногу време во тоа. Google API explorer веќе содржи 7 API кои можете да ги пробате, а Google најавуваат дека бројот значително ќе се зголеми во наредните недели.