За сите ИТ девојки: можност за учество во Google Summer of Code преку фондацијата GNOME

во Свет, Софтвер

Покрај тоа што се работи за извонредна шанса да ги подобрите вашите програмерски, маркетингшки, систем-администраторски, дизајнерски и други способности, оние што ќе бидат избрани по поднесувањето на апликацијата ќе добијат и прилично висок паричен надоместок (5.000$) за тоа што ќе учествуваат во програмата. Ако земеме во обзир дека во Македонија не постои  ваква прилика за учење, надградување, да се земе учество во ваков глобален проект, да се остварат многу контакти (кои што можат да ви се најдат понатаму во животот) и врз сето тоа да се заработат и пари преку летниот период кои што можат да ви помогнат да ги покриете трошоците поврзани за студирање за наредните неколку години од вашето образование, тогаш шансата е премногу добра да се испушти.

Повеќе информации за распоредот и проектите, како и околу тоа како да аплицирате можете да најдете на викито на GNOME.

  • Поконкретно можете да учествувате во решавање на грешки во новиот интерфејс за GNOME3, gnome-shell кој што треба да излезе заедно со најновата верзија на GNOME во почетокот на април, потоа да учествувате во неговиот развој и дизајн, како и да пишувате документација.
  • Маркетинг тимот во GNOME исто така има потреба од помош околу анализа и подобрување на метриката на веб сајтовите на GNOME, организирање на кампањи за подигнување на свеста, креирање на маркетингшки материјали, презентации и сл.
  • Арт/Дизајн тимот има потреба од дизајни за веб сајтови, нови логоа за различни компоненти во GNOME и дизајн на икони.

Ова се само неколку од многуте проекти во кои што би можеле да се вклучите доколку ја пополните апликацијата до 8-ми април. Пред да ја поднесете апликацијата треба да се активирате на некоја од поштенските листи поврзани со проектот на кој што сакате да работите за да се запознаете со останатите луѓе кои што работат во тимот и полека да почнете да се запознавате со задачите како и да почнете да придонесувате.

GNOME Women Outreach Program е дел од активностите на GNOME заедницата чија што цел е да се вклучат повеќе жени во заедницата и активно да придонесуваат за проектот GNOME.

Бидејќи дел од членовите на хаклабот КИКА во Скопје се активни придонесувачи во овој и други поголеми проекти кои што се слободен софтвер и имаат прилично големо искуство околу тоа како се одвиваат работите, доколку има заинтересирани кандидатки од Македонија решивме да им помогнеме со тоа што би ги упатиле во процесот на аплицирање и приклучување кон инфраструктурата на ваков голем проект како што е GNOME. Сите заинтересирани можат да дојдат во КИКА во еден од редовните термини доколку имаат било какви прашања во врска со GSoC. Конкретно можеме да помогнеме околу пополнување на апликацијата и воспоставување на првичните контакти со заедницата, поврзување со инфраструктурата (поштенски листи, баг тракинг системи, креш курс за работа со git и сл).

Кога? Хаклабот КИКА е отворен за сите во следниве термини: понеделник од 19:00, четврток од 19:00 и сабота од 12:00.

Каде? КИКА се наоѓа во просториите на геолошкиот институт на ќошот помеѓу Железничка и Бихаќка.Мапа

Ако имате било какви прашања оставете коментар слободно може да ме контактирате преку пошта, jabber или на IRC (#lugola @ Freenode).

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@deemeetar
11 years ago

Полова дискриминација. Не сериозно, да беше само за мажи, феминистичките друштва ќе полудеа.