Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

HTC вели телефоните ќе бидат со отклучен bootloader

HTC велејќи дека ги послуша корисниците, најави дека ќе ги отклучи bootloader-ите на своите идни телефони што ќе овозможи на корисниците да го заменат фабрички-инсталираниот оперативен систем и да си инсталираат своја модифицирана и персонализирана Android верзија без страв дека ќе си ја поништат гаранцијата.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети Хардвер

Едукативен водич за overclock на Intel Core i7, i5 и i3

Fatal1ty_ на форумот објави одличен водич за overclock на Intel-овите процесори. Overclock е процес за зголемување на работната фрекфенција на процесорот, графичката и други компјутерски компоненти, со цел да му се зголемат перформансите кои им се зададени фабрички. Ова е ризичен процес, хардверот лесно може да се оштети, и затоа е потребно знаење.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Кога друштвените мрежи му се потсмеваат на Facebook (и на MySpace)

Луѓето во просек проаѓаат по 3 часа дневно на Facebook, но, секако, 2 часа и 55 минути од тоа време се трудат да ги сфатат опциите за приватност, му се смее Google на Facebook на College Humor дружба меѓу сите друштвени мрежи: Twitter, Foursquare, Reddit, Friendster, LinkedIn... и секако MySpace кој го извлекува подебелиот крај. Секако се работи за шега, анимирано видеo од хумористичниот, сатиричен и секогаш забавен College Humor.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

И платените MMORPG се префрлаат на freemium модел со микротрансакции

Една од најпомпезно најавуваните игри во времето на своето излегување Age of Conan реши да го промени начинот на претплата. Почнувајќи од ова лето насловот кој беше најавуван како можен „убиец на World of Warcraft” ќе се префрли од месечна претлата на freemium модел. Ова судејќи по досегашните искуства на другите игри кој се префрлиле на овој модел најверојатно ќе значи поделба на играчите на бесплатни и премиум со тоа што на бесплатните играчи ќе им бидат ограничени некој напредни опции.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Софтвер

YouTube, nVidia и Mozilla ја носат 3Д технологијата во нашите пребарувачи

3Д технологогијата полека почна да се доближува од кината до нашите домови. Моzilla, NVIDIA и YouTube најавија партнерство чија цел ќе биде да се овозможи прикажување на 3Д HTML 5 видеа. Се разбира овие видеа засега ќе можат да се гледаат само на Firefox 4 и ќе им бидат достапни само на оние машини кои имаат NVIDIA 3D Vision хардвер.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Свет

PayPal го тужи Google за мобилното плаќање

PayPal поднесе тужба само ден откако Google го претстави својот мобилен „паричник“, велејќи дека Google им ги украл тајните за мобилното плаќање. Ова се однесува на Осама Бедиер, поранешен извршен директор во PayPal кој сега работи во Google на мобилно плаќање. Тој е обвинето од PayPal дека споделил доверливи информации, заедно со Стафани Тиленус, уште една екс-PayPal директорка која го прекршила договорот кој го направила при напуштањето со PayPаl да не врабутањува луѓе од таа компанија.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Google го претстави својот „паричник“, ќе се плаќа преку мобилен

„Паричникот“ на Google е NFC технологија со која може да се плаќа преку мобилен телефон преку апликација. Google Wallet за корисниците може да послужи како лесен начин за плаќање и следење на своите сметки, додека за бизнисите може да биде полесен начин за споделување на купони или разни попусти со корисниците.

0 коментари Прочитај 26 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Прва 3Д реклама за iPad

Creator Cooliris претстави интересна 3Д реклама за iPad промовирајќи го новите документарци на американскиот Weather Channel. Рекламата благодарение на подвижноста на таблетот овозможува да се гледа сликата од неколку агли, односно да се менува перспективата што е фискирана кај 2Д фотографиите. Подолу е демо од рекламната платформа која подобро ќе го објасни концептот.

0 коментари Прочитај 26 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе стартува музички сервис со Spotify

Facebook можеби ќе соработува со европскиот сервис за стримање Spotify да стартуваат музичи сервис првин во европските земји каде е достапен Spotify, па во САД, а потоа и ширум светот, пренесува Forbes повикувајќи се на извори блиску до договорот.

0 коментари Прочитај 26 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

OMG they killed Skype, you bastards! Најдовме решениe…

<Надополнето>: Skype се врати во нормала постепено за многу корисници. За другите кои се уште не можат да се логираат и од Skype го нудат решението коe го предложивме порано, односно да се избрише shared.xml фајлот. Нема многу објаснувања зошто е тоа потребно, но важно е што функционира.

6 коментари Прочитај 26 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Гневен информатичар во штрајк го сруши pravda.gov.mk?

Сајтот на Министерството за правда за кратко време беше недостапен. Од pravda.gov.mk кој сега функционира велат дека се работело за технички проблем кој е поправен. Но, по друштвените мрежи се појавува информација од информатичар кој тврди дека тој им го срушил сајтот бидејќи е гневен на начинот како се вработуваат политички кадри, а не професионалци.

19 коментари Прочитај 26 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Хак-атак/Приватност

ЕУ земјите ги игнорираат новите правила за интернет колачиња

Само Данска, Естонија и Британија направиле мали чекори да ги испочитуваат Директивата за е-приватност, вели портпаролот на Европската комисија за Дигиталната Агенда, Џонатан Тод.

0 коментари Прочитај 26 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Twitter ќе спамира со имејл нотификации. Како да ги изгаснете?

Twitter ќе почне да праќа имејл нотификации за сите ретвитови, спомнувања, фаворизирање на вашите твитови и продукти и надоградби на сервисот, покрај досегашниве имејл пораки кога некој ви праќа директна порака (DM) или доколку некој започне да ве следи.

1 коментар Прочитај 25 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Неправилностите на изборите ќе се следат со Ushahidi платформата

Ushahidi поради својата одлична можност за мапирање на итни настани со помош на сите инволвирани во истите беше изгласан како пионир на технологијата за 2010, а самата платформа се покажа неверојатно корисна во бројни примери ширум светот за следење на изборите и помагање при незгоди и природни катастрофи.

1 коментар Прочитај 25 мај, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Веб Друштвени мрежи

The Dark Knight Rises ја започна својата кул вирална кампања

Минатата недела започна снимањето на нестрпливо очекуваното продолжение на Batman, The Dark Knight Rises, а со тоа и уште една одлична вирална маркетинг кампања. Доколку се упатите на официјалниот веб сајт TheDarkKnightRises.com, се' што ќе најдете е црн екран пропратен со мистериозни неразбирливи скандирања. Еден од многуте лојални фанови на овој серијал се досетил графички да го прикаже ова аудио, добивајќи ги зборовите #TheFireRises.

0 коментари Прочитај 25 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Apple Аpp Store одобри 500.000 апликации! (инфографик)

За само три години од постоењето Apple App Store забележа пола милион одобрени апликации! Ова не е официјална бројка од Apple и не се однесува на сите достапни апликации, туку е статистика за сите одоборени апликација од 148Apps, блог кој ги следи случувањата со iOS.

0 коментари Прочитај 25 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Microsoft ја претстави Mango надоградбата на Windows Phone

Mango со своите новини го освежува Windows Phone во надеж дека ќе стане сериозен конкурент на Apple iPhone и Google Android телефоните. Microsoft веќе ги објави софтверските алатки за програмерите да креираат апликации, а самата надоградба ќе се појави на есен.

0 коментари Прочитај 25 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Стартапи: Следете го TechCrunch Disrupt NYC 2011 во живо

Disrupt NYC 2011 e конференција на влијателниот ИТ блог ТechCrunch каде покрај интервјуа со влијателни ИТ луѓе од стартап сцената, има и „бојно поле“ за стартапите, односно се претставуваат новите сервиси и веб алатки.

0 коментари Прочитај 23 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Mango со над 500 нови опции за Windows Phone, најави Балмер

Новата надоградба на Windows Phone - Mango - ќе има над 500 нови опции, им рече директорот на Microsoft, Стив Балмер, на јапонските програмери, ветувајќи дека повеќе информации ќе се појават на Mango настан во Њу Јорк.

0 коментари Прочитај 23 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Што е е-отпад? (презентација)

Каде ги фрлате старите компјутери, старите мобилни, нефункционалните лаптопи, монитори, модеми, принтери, заедно со другите електрични уреди како шпорети и фрижидери?

1 коментар Прочитај 23 мај, 2011
Мени
Заедница
Изглед