Bootloader е софтвер кој го вчитува оперативниот систем, на македонски е буквално „подигач на системот“. Кога е заклучен тоа значи дека корисникот не може да го модифицира и инсталира свој оперативен систем, или да направи промени на софтверот. Иако истиот може да се заобиколи со рутирање заради, пример, да се отстрани некој вграден софтвер или да се замени HTC Sense UI со оригинален Android интерфејс, сепак со заклучен bootloader тоа бара вештина и претставува проблем за повеќето корисници. Компаниите обично ги заклучуваат своите телефони бидејќи сакаат корисниците да го имаат корисничкото искуство како што е замислено од компанијата, без некој да го модифицира телефонот.
HTC ја најави промена на политиката на Facebook, каде директорот на тајванскиот производител на мобилни, Питер Чу рече дека поради големиот фидбек од корисниците „кои бараат пристап до отворен bootloader на HTC телефоните, би сакал да ви кажам дека ве чувме. Денес, потврдувам дека нема веќе да ги заклучуваме bootloader-ите на нашите уреди.“
Изјавата е кратка без детали дали ќе има услови, дали се однесува на само идните уреди и ќе треба да се види како ќе биде тоа прифатено од операторите. Но, сепак ова е добра вест за Android заедницата. Покрај HTC, и Мotorola најави дека ќе го отклучи bootloader-от на своите телефони.
We’ve listened. Check out the statement from our CEO, Peter Chou on HTC bootloaders. Click the link for more info. http://on.fb.me/iZXgkR








