Со секое твитнување на хаш тагот #thefirerises, или со секое следење на Твитер профилот @thefirerises, на официјалниот веб сајт се појавуваaт профил сликите на оние кои го твитнале овој хаш таг или почнале да го следат овој профил. Профил сликите автоматски се комбинирани за да ја дадат првата официјална слика, која можете да ја видите погоре, од новиот антагонист Бејн, кој го глуми Том Харди.
Ова е одличен почеток на уште една вирална маркетинг кампања, која сигурно ќе биде исто толку добра како и онаа за The Dark Knight. Благодарејќи на одличната Why So Serious кампања, вториот продолжеток од Batman серијалот го имаше најголемото отварање во филмската историја со 158.000.000 долари заработка во првиот викенд. Доколку сакате да дознаете за креативноста зад Why So Serious кампањата погледнете го видеото.
Кратко видео од The Dark Knight Rises скандирањето и сликата на Бејн. The Dark Knight Rises ќе биде третото и последното продолжение по сценарио и режија на браќата Џонатан и Кристофер Нолан.







