0 коментари 1 мин. читање

YouTube, nVidia и Mozilla ја носат 3Д технологијата во нашите пребарувачи

YouTube веќе содржи неколку илјади стереоскопични 3Д видеа, и со ова партнерство конечно ќе бидат достапни до пошироката јавност. YouTube ќе ги транскодира овие видеа во WebM, слободен медиа формат за веб видео и аудио, за да се користат со нивниот HTML 5 плеер. Доколку имате инсталирано 3D Vision, со внесување на yt3d, тагот за сите 3Д енкодирани видеа во YouTube пребарувачот, ќе ви се покажат сите 3Д поддржани видеа. Исто така и хардверот треба да се намести да работи во 3Д режим.

3D Vision е комбинација на хардвер и софтвер, и кога на тоа ќе се додадат и посебни напредни 3Д очила, се овозможува неверојатно 3Д искуство наменето за сите гејмери, филмофили како и фото ентузијасти.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top