Microsoft ја претстави Mango надоградбата на Windows Phone

во Мобилни

Една од големите новини во Mango е можноста да се следи разговорот со пријателите на едно место – threads – каде се излистува Windows Live, Facebook и имејл комуникацијата. Ќе има и Groups за поврзување на пријателите, мултитаскинг, подобра интеграција со облакот, IE9 со HTML5, Office 365 и SkyDrive поддршка за едитирање на документите. Ќе има и Bing Vision, односно кул опција за скенирање на, пример, книга со камера од телефонот и нејзино пребарување преку Bing. Повеќе за новините има во видеото подолу:

Програмерските алатки, кои се достапни за симнување, содржат неколку новини како позадинско процесирање, нов емулатор за тестирање, користење на Silverlight 4 заедно со XNA, IE9 контрола на прелистување, „длабоко“ поврзување во апликациите преку нотификации и „плочките“, кои се препознатлив интерфејс на Windows Phone, побрзо отварање на други апликации…

Mango ќе се појави на есен, најверојатно со првите Windows Phone телефони од Nokia.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments