Според најавата во бесплатната верзија на Age of Conan, Age of Conan Unrated ќе биде ограничен бројот на класи кој може да ги играте како и делови од експанзијата Rise of the Godslayer. Освен ова со оглед на тоа дека издавачот сега цели на поголема публика играта ќе го смени рејтингот на играта од М(Возрасни) во нерангиран.
И покрај тоа што многу од досегашните играчи на AoC се загрижени дека промената на претплата значи близок крај на играта, останувам оптимист со оглед на тоа дека речиси сите издавачи кои се решија на оваа промена го зголемија бројот на играчи и приходот од игрите. Префрлањето на микротрансакциски модел на плаќање на западните MMORPG најверојатно наjмногу ќе ги погоди понеквалитетните корејски ММОRPG, со оглед на тоа дека можат да очекуваат одлив на своите играчи коi не се хардкор аниме фанови.
И најдобрата графика помеѓу MMORPG е бесплатна од ова лето
Во продолжение на текстот има уште две други вести: една од игрите која е најдолго присутна од MMORPG жанрот – Lineage, која реши да ги затвори своите сервери во западната хемисфера од 29 јуни. Според изјавата на NCSoft како причина за затворањето на серверите е наведена непрофитабилноста за играта на Запад.
Ако претходната вест за затварање на 10-години старата Lineage e изненадување, сепак поизненадувачка, барем за мене, е веста што една од најбрзо затворените MMO, Hellgate London ќе се реотвори покасно годинава. Играта е одкупена од HanBitSoft и според нив играта е во последна фаза на подготовки пред бета која е закажана за 3-5 јуни. Според најавата Hellgate London MMO ќе биде бесплатна со микро трансакции.