Вести

3.545 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

Adventure Birds е македонски микс на Angry Birds и Flappy Bird

Adventure Birds е Android видеоигра на Ацо Стерјов, која е копија на популарната Flappy Bird со тоа што графиката е далеку подобра, и помалку потсетува на Angry Birds, но остатокот на гејмплејот е идентичен со Flappy Bird. Дополнителна разлика е што играчите можат да одберат со која од четирите птици ќе играат и дали ќе […]

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Google инвестира во сателити кои носат Интернет во далечните региони

Google сака да ги поврзе досега неповрзаните региони со Интернет, и затоа ќе инвестира во 180 мали, ниско-орбитирачки сателити со голем капацитет, јави Wall Street Journal. Вредноста на проектот се проценува на една до три милијарди долари. Компанијата подолго време вработува персонал од компании кои работат на сателити, и веќе има околу 20-тина експерти. Засега […]

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Аpple ќе придонесе кон Интернет на нештата со HomeKit

HomeKit е решението на Apple со кое паметните уреди кои доаѓаат со приклучни апликации ќе бидат поедноставно поврзани. Компанијата сака да ги собере сите апликации на едно место, да го унифицира мрежниот протокол, безбедносните механизми и да овозможи нивна подлабока интеграција со iOS. Ова делумно треба да биде овозможено преку гласовниот асистент Siri кој ќе […]

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Apple претстави нов програмски јазик Swift

Apple објави дека го развиле наследникот на програмскиот јазик Objective-C, нов јазик наречен Swift. Новиот програмски јазик не само што ќе го направи кодирањето поедноставно, туку и апликациите ќе бидат побрзи и постабилни. Според најавите, на Swift лесно ќе се прилагодат сите кои имаат искуство со C и Objective-C. Освен ова програмерите ќе можат во […]

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Софтвер

Се што треба да знаете за новиот iOS 8

Apple го најави iOS 8 и како и сите претходници оперативниот систем е најавен како „подобра и поголема промена од сите претходни“. За почеток, центарот за нотификации на iOS ќе доживее промена, и ќе доаѓа со можност веднаш да се одговара на порака. Ова ќе биде овозможено со едноставно повлекување надолу и тоа од сите […]

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Објавен е македонски AOKP Android 4.4 за Sony Xperia M

Аndroid како отворена платформа дозволува да биде модификуван и персонализиран според желбите на програмерите како Ице Јованоски кој објави неофицијалeн AOKP Аndroid 4.4 Build за Sony Xperia M. Оваа верзија на Android ги нема непотребните апликации кои производителите ги форсираат и зафаќаат меморија, го изменува начинот како функционира телефонот, и можеби ќе ја подобри батеријата. […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Бруталната Моrtal Kombat ќе добие десетто продолжение; погледнете го првиот трејлер

Култната Mortal Kombat ќе добие ново десетто продолжение кое, според креаторите Netherrealm Studios, ќе „комбинира кинематички презентации на динамичен гејмплеј што ќе донесе невидено Kombat искуство“. Ова, искрено, нема никаква логика, но ако го погледнете трејлерот ќе сфатите дека Mortal Kombat X ќе го има тоа што ја направи една од најпопуларните видеоигри – ќе […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Софтвер

Samsung го претстави првиот телефон во светот кој работи на Tizen

Штом ќе започне да се продава првин во Русија, а потоа и ширум светот, Samsung Z и официјално ќе стане првиот паметен телефон кој ќе работи на Tizen оперативниот систем. Јужнокорејскиот производител се надева дека Tizen ќе стане конкурентен ОС кој во иднина ќе може да го замени Android на Google, кој е платформа од […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мора да прочиташ

Mакедонските стартапи u:Plug и Domino the Effect освоија награди на Startup Camp Rijeka 2014

Два македонски стартапи, u:Plug и Domino the Effect, завршија на второто и третото место на Startup Camp Rijeka, каде се претставија пред успешни претприемачи и ментори од Хрватска и САД, кои им помогнаа на 30-те регионални стартапи да креираат бизнис план во петте дена колку што траеше кампот. Првото место го освои италијанскиот стартап ProntoApp […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ

Европа инсистира автономните возила дa имаат возач

Откако Google помина години во развој и стотици часови во тестирање на целосно автономно возило, Европската Комисија нареди возилото да има можност да се контролира од возач. Најголемиот проблем е што законот во Европската Унија во моментов не овозможува продажба на целосно автономни возила, а при креирањето на законот основната претпоставка беше дека нема да […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Хардвер

Legion Meter може да го полни вашиот мобилен уред за 92 отсто побрзо

Legion Meter е уред од PLX Devices кој безбедно ќе го забрза времето на полнење на таблет компјутерите или телефоните за 92 отсто. За разлика од добар дел од додатоците за паметни телефони кои излегуваат во поголем број верзии, Legion Meter е универзален и овозможува полнење на Apple уредите, Android, Windows Phone и BlackBerry телефони. […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Oppo N1 ќе добие мини верзија, но со 5-инчен екран

Oppo се подготвува да издаде мини верзија на 5.9-инчниот Oppo N1. Новата верзија се појави на сајтот на кинескиот производител, заедно со детали за телефонот. Иако станува збор за мини-верзија, телефонот сепак доаѓа со 5-инчен дисплеј. Иако хардверот останува мистерија од тоа што се забележува на сликите е дека и мини верзијата ќе биде изработена […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Ко-основачот на PirateBay и кандидат за Европскиот Парламент, Питер Сунде, е уапсен во Шведска

Питер Сунде, еден од тројцата основачи на популарниот торент сервис PirateBay, е уапсен во близина на Малмо, Шведска, јави Reuters. Интерпол го бара г. Сунде од 2012 година, поради осуда за кршење на законот за авторски права со пресудата осум месечна затворска казна и парична казна. Според шведската полиција, тој мора да ја одлега казната. […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Поранешниот директор на Microsoft, Стив Балмер, ги купува LA Clippers за 2 милијарди долари

Од следната сезона на натпреварите помеѓу Portland Trail Blazers и Los Angeles Clippers ќе наликуваат на средба на врвот на Microsoft. Претходниот директор на компанијата Стив Балмер понуди 2 милијарди долари за клубот од Лос Анѓелес, а Пол Ален, ко-основач на Microsoft, од поодамна е сопственик на Портланд. Сумата од 2 милијарди за Клиперси е […]

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2014
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Совети

20 минути претприемништво #1: Македонија има услови за почнување на стартап бизниси

„20 минути претприемништво“ претставува серија на отворени дебати за претприемништво, организирани од ИДЕА ЈИЕ и Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ). Станува збор за настани каде во пријатна атмосфера и релаксирано се дискутира за сите аспекти на претприемништвото, следејќи го класичниот дебатен модел со две спротивставени страни. Идејата е да се дискутираат одредени теми во […]

0 коментари Прочитај 31 мај, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Aпликација на денот: Читајте македонски вести со Aбер за Аndroid

Абер е еден нов вид на агрегатор на вести, тој е мобилна апликација чија функционалност е да ги оптимизира вестите за Android уреди во сите форми и големини, за телефоните и таблет компјутерите; и да ги претстави на едноставен начин со можност за персонализација на изворите. Но, тоа што го прави уникатен, велат креаторите Петар […]

0 коментари Прочитај 30 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи ИТ.МК

#Кромидфест 2: Туѓината пуста нека остане, младината реши тука да остаре!

Реалноста во Македонија е премногу забавна за да има само еден конкурс со кој ќе се слави сатирата. Време е за нов, втор #кромидфест со тема „Туѓината пуста нека остане, младината реши тука да остаре!“. Правилата на конкурсот, организиран од Радио МОФ, е да се креира сатирична содржина во форма на лажни вести, симболично наречени […]

0 коментари Прочитај 30 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Софтвер

Погледнете како работи Android Wear на LG G Watch

Google наголемо ја потготвува Android верзијата за преносни уреди, а LG G Watch според најавите би можел да биде првиот паметен часовник кој доаѓа со Android Wear, вели германскиот портал App Dated кој дојде до еден од овие паметни часовници. Оперативниот систем е во рана бета фаза, па затоа не изненадува малиот број на функции. […]

0 коментари Прочитај 30 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Со помош од Star Trek до краудфандинг на глобална веб апликација која ќе ги учи децата да читаат

Kickstarter проектот на ЛаВар Бартон, познат како Џорди Лафорџ од Star Trek, кој треба да ги врати назад Reading Rainbow успеа за два дена да собере над 2,2 милиони долари. Reading Rainbow е телевизиска серија чија цел е да ги научи децата почесто и повеќе да читаат. Во првите два дена проектот го подржаа над […]

0 коментари Прочитај 30 мај, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Софтвер

ИТ настан: На FloodHack ќе се креираат апликации за санирање на поплавите во Србија и Босна

Организаторите на FloodHack се надеваат дека поговорката „Неопходноста е мајка на пронајдокот“ ќе се покажа како вистинита. Хакатонот ќе се одржи во Белград на 14 и 15 јуни и како што наговестува името, целта му е изработка на апликации кои ќе помогнат за санирање на последиците од поплавите кои го зафатија Балканот. Организаторите на хакатонот […]

0 коментари Прочитај 30 мај, 2014
Мени
Заедница
Изглед