Google инвестира во сателити кои носат Интернет во далечните региони

Google сака да ги поврзе досега неповрзаните региони со Интернет, и затоа ќе инвестира во 180 мали, ниско-орбитирачки сателити со голем капацитет, јави Wall Street Journal. Вредноста на проектот се проценува на една до три милијарди долари. Компанијата подолго време вработува персонал од компании кои работат на сателити, и веќе има околу 20-тина експерти.

Засега стартапот O3b Networks, кој го предводи проектот на Google, експериментира со сателити тешки 680 килограми, но Google сака да користи сателити со тежина од 115 килограми. Првата идеја на O3b е да лансира дванаесеттина 680kg-тешки сателити од двете страни на еквадорот, иако Google пак сака првично да лансира 180 сателити насекаде околу земјата, а во иднина оваа бројка може и двојно да се зголеми. Покрај Google и Facebook со Internet.org експериментира со слични идеи и за оваа цел го купија Ascenta, стартап кои креира беспилотни летала на сончев погон.

Новиот проект кој ќе испрати 180 сателити нема да го прекине Project Loom, туку двата проекти се надополнуваат. Project Loom, како и беспилотните летала од Titan Aerospace заедно со сателитите ќе овозможат Интернет пристап насекаде. Project Loom со помош на високо-летачки балони и беспилотните соларни летала на Titan Aerospace се поевтини од сателитите и поедноставни за лансирање, а сателитите пак се пофлексибилни и со поголем капацитет. Google би можел да профитира од оваа мрежа бидејќи ќе отвори нов огромен пазар од две третини од населението.

„Интернет поврзувањето значително влијае на животот на луѓето. Сепак две третини од популцијата немаат никаков пристап до Интернет“, изјави портпаролот на Google за Wall Street Journal.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments