0 коментари 1 мин. читање 30 мај, 2014

Погледнете како работи Android Wear на LG G Watch

Google наголемо ја потготвува Android верзијата за преносни уреди, а LG G Watch според најавите би можел да биде првиот паметен часовник кој доаѓа со Android Wear, вели германскиот портал App Dated кој дојде до еден од овие паметни часовници. Оперативниот систем е во рана бета фаза, па затоа не изненадува малиот број на функции. Но, видеото открива дека платформата има интересни опции кои ќе бидат достапни на пример, аларми, мод за во авион, календар, пораки и слично. Оперативниот систем сè уште доаѓа со опција за пријавување на багови што би можело да значи дека верзијата е далеку од финална. Дел од функциите кои не можеме да ги видиме на видеото, а се најавуваат како клучни, пред се интеграцијата со Google Now, а тука се и куп фитнес апликации кои ќе доаѓаат со сите паметни часовници.

[youtube]2ARLLqA_MBk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top