Samsung го претстави првиот телефон во светот кој работи на Tizen

Штом ќе започне да се продава првин во Русија, а потоа и ширум светот, Samsung Z и официјално ќе стане првиот паметен телефон кој ќе работи на Tizen оперативниот систем. Јужнокорејскиот производител се надева дека Tizen ќе стане конкурентен ОС кој во иднина ќе може да го замени Android на Google, кој е платформа од која зависи успехот на сите Samsung телефони.

Но, Tizen започнува со мали чекори. Првин ќе стартува во Русија, но бидејќи се базира на HTML5 надежите се дека ќе биде поотворен за сите програмери кои ќе можат да развиваат повеќе-платформски апликации. HTML5 е исто основата на неодамна објавениот Mozilla Firefox OS, и може да се користи за апликации на Android и iOS, што значи дека има потенцијал Tizen да привлече значителен број на фанови и девелопери.

Што се однесува до телефонот, Samsung Z има моќни спецификации, како што доликува на уред од Samsung. Има 4,9-инчен HD Super AMOLED екран и 2,3 GHz процесор со четири јадра, 2 GB RAM, има 8 мегапиксели камера, односно 2,1 мегапиксели предна камера и сензор за отпечатоци на прсти кој го има само најновиот Galaxy S5.

[youtube]zgh8DTD67js[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk