Организаторите на FloodHack се надеваат дека поговорката „Неопходноста е мајка на пронајдокот“ ќе се покажа како вистинита. Хакатонот ќе се одржи во Белград на 14 и 15 јуни и како што наговестува името, целта му е изработка на апликации кои ќе помогнат за санирање на последиците од поплавите кои го зафатија Балканот.
Организаторите на хакатонот веќе имаат идеи за неколку апликации кои би биле корисни за реоните погодени од поплавите, и препорачуваат апликациите да помогнаат со: координирање на волонтерите; апликација која ќе ги поврзе луѓето кои имаат материјални добра и сакаат да ги донираат со луѓето на кои тие им се потребни; апликација која на корисниците би им прикажала информации, можности за поврзување и организација; едукативни игри за природни катастрофи; и апликации за лоцирање на свлечишта, мински полиња и слични локации. Покрај ова девелоперите можат да креираат и апликациија според сопствено убедување која сепак ќе биде корисна за реоните погодени од природна катастрофа.
Пријавата за учество е бесплатна, а заинтересираните можат да се пријават на официјалниот сајт.
Ovo je razlog sto pravimo hakaton – https://t.co/es28JySLDH #SupportSerbia #SupportBosnia #SupportCroatia #zajednomozemomnogo
— Flood Hack (@FloodHack) May 30, 2014







