Legion Meter може да го полни вашиот мобилен уред за 92 отсто побрзо

0 коментари 1 мин. читање

Legion Meter е уред од PLX Devices кој безбедно ќе го забрза времето на полнење на таблет компјутерите или телефоните за 92 отсто. За разлика од добар дел од додатоците за паметни телефони кои излегуваат во поголем број верзии, Legion Meter е универзален и овозможува полнење на Apple уредите, Android, Windows Phone и BlackBerry телефони.

Уредот доаѓа со OLED дисплеј кој прикажува напон, струја и енергија. Еден од модовите на работа е дијагностика на батеријата и овозможува да се измери вистинскиот капацитет на батеријата. Што се однесува до забрзувањето при полнењето има два мода на работа, Apple и Android, при што во вториот се вклучени и сите останати производители Nokia, BlackBerry и слично. Legion Meter e достапен на KickStarter по цена од 44 долари. До сега уредот го подржаа 6.565 луѓе кои доделија 329.181 долари надминувајќи ја основната сума за повеќе од 30 пати.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top