0 коментари 2 мин. читање 30 мај, 2014

Aпликација на денот: Читајте македонски вести со Aбер за Аndroid

Абер е еден нов вид на агрегатор на вести, тој е мобилна апликација чија функционалност е да ги оптимизира вестите за Android уреди во сите форми и големини, за телефоните и таблет компјутерите; и да ги претстави на едноставен начин со можност за персонализација на изворите. Но, тоа што го прави уникатен, велат креаторите Петар Милевски и Филип Митровски, е што за разлика од другите агрегатори, Абер нема намера да прави пари, па содржината ви ја претставува ослободена од реклами.

„Абер не е замислена како апликација преку која би се заработувало. Целта на апликацијата е да го овозможи најчистото, најлесното и најбрзото искуство за прелистување на статии од македонскиот дел од интернетот. Се додека можеме Абер да ја одржуваме со минимални вложувања, нема да се стремиме кон заработка“, вели Петар.

Идејата зад апликацијата доаѓа од Google Currents и од недостатокот на локални апликации кои можат ефективно да ги собираат вестите од изворите кои немаат мобилна верзија на својот сајт. Целта на Абер е да им помогне на сајтовите кои не можат финансиски да поддржат реактивен сајт за различни екрани или мобилна верзија.

„Со Абер, ќе немаат потреба за тоа“, вели Петар. „Со апликацијата сакаме сите квалитетни извори на вести и специјализирана содржина во Македонија да ги ставиме и организираме на едно место. Со тоа не само што ќе го олесниме прелистувањето на омилените содржини на корисниците, туку и ќе им донесеме нова база на корисници и на помалите, специјализираните и помалку активните блогови“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top