0 коментари 1 мин. читање 2 јуни, 2014

Oppo N1 ќе добие мини верзија, но со 5-инчен екран

Oppo се подготвува да издаде мини верзија на 5.9-инчниот Oppo N1. Новата верзија се појави на сајтот на кинескиот производител, заедно со детали за телефонот. Иако станува збор за мини-верзија, телефонот сепак доаѓа со 5-инчен дисплеј.

Иако хардверот останува мистерија од тоа што се забележува на сликите е дека и мини верзијата ќе биде изработена од пластика. Како и Oppo N1 и мини верзијата доаѓа со ротирачка 13 МР камера која може да се користи како предна и задна камера. Oppo N1 mini доаѓа со LTE поддршка и ќе тежи 150 грама. Оперативниот систем на телефонот е Color OS 1.4 Android ROM од компанијата, а дополнителен податок е дека телефонот ќе доаѓа со помала батерија 2,140 mAh. Компанијата закажа настан за 10 јуни кога најверојатно, ќе се појават првите официјални податоци за телефонот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}