Вести

3.500 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб

Создадете најразлични чудовишта со најновиот проект на Google – Chimera Painter

Немате никаков талент во цртање? Исти сме и ние, но тоа не значи дека треба да нѝ е мака што не можеме да нацртаме импресивни чудовишта. Барем не со најновиот проект кој произлегува од лабораторијата на Google, а се вика Chimera Painter. Се работи за комплексна алатка која ви дозволува да одберете што сакате да […]

0 коментари Прочитај 29 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

Листа од сите PS Plus игри од последните пет години

PS Plus е повеќе од одлична услуга. За годишна претплата, која лесно може да се најде за околу 2000 денари на одредени сајтови, добивате бесплатни игри секој месец, како и можности за онлајн играње, но и ексклузивни попусти на игри. Во случај да сте долгогодишен корисник на услугата или пак само сакате да видите што […]

0 коментари Прочитај 29 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Кинеските власти продолжуваат со истрагата на компаниите на Џек Ма

Најголемата финтек компанија во светот Ant Group Co, основана од Џек Ма, ќе мора да го реконструира својот бизнис. Промените во работата на компанијата ги налагаат властите во Кина кои сметаат дека компанијата е преголема. Ant Group мора да го запре влијанието кое технологијата го има врз финансиските сервиси за да ја ограничи опасноста од […]

2 коментари Прочитај 28 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

USB клучеви ја чуваа безбедноста на претседателските кампањи во САД

Претседателската кампања во САД заврши, и полека се подготвуваат за промена на претседателот. Можеби помалку изненадувачки е што за разлика од минатите избори досега немаше никакви протекувања на податоци од кампањите на двајцата кандидати. Учесниците во кампањата на претседателските кандидати оваа година користеа безбедносни токени (клучеви) од компании како Google и Yubico. Ова во голема […]

0 коментари Прочитај 28 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

Humble Bundle ја намали цената на Humble Choice пакетите од игри за 50% во наредните шест мецеци

Кога се работи за продажба на пакети со дигитални игри, Humble Bundle е еден од најдобрите вебсајтови, особено кога ќе се земе во предвид дека дел од парите што ги потрошите се одвојуваат за добротворни цели. Имено, по цена од 12 долари (за стари корисници) или 20 долари (за нови корисници), Humble Choice ви дозволува […]

0 коментари Прочитај 25 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Наместо Кралицата, оваа година божиќна порака ќе испрати deepfake видео

Традиционално секоја година од 1952, Кралицата Елизабета II има божиќно обраќање. Оваа година ова обраќање ќе изгледа малку поинаку, или ова ќе може да се каже за обраќањето кое ќе го има на Channel 4 News каналот. Телевизијата ќе емитува „алтернативно“ обраќање на кралицата во која deepfake верзија ќе ги поздрави Британците. Идејата е да […]

0 коментари Прочитај 25 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Кина отвори антимонополска истрага за работата на Alibaba

Кинеските власти отвораат истрага за работата на Alibaba да проверат дали компанијата ја злоупотребува својата положба на пазарот. Истрагата треба да покаже дали се точни тврдењата дека Alibaba ги принудува трговците да продаваат исклучиво на оваа платформа. Со ова на трговците им е оневозможено да продаваат на JD или на Pinduoduo. Праксата во Кина е […]

1 коментар Прочитај 24 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести

Најновата верзија на Microsoft Office ќе лансира без претплата во 2021 година

Иако постојат многу алтернативи, Microsoft Office е омилената канцелариска алатка на бројни корисници. Последните неколку години се забележува силно форсирање на претплатничкиот модел. Токму поради тоа и понатаму се провлекува Office 2019, верзија која всушност беше лансирана во 2018 година. Многу корисници немаат никаков проблем да користат претплата, но кога се работи за претплата на […]

0 коментари Прочитај 24 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

6 работи кои се воведоа со најновата распродажба на Steam

Зимската распродажба пали и жари низ сите фронтови, а ова се шестте новитети ќе се потрудат да го направат вашиот престој на платформата попријатен! Имате целосно нови начини за листање на игрите кои се на попуст. Овојпат игрите можат да се нудат според најразлични категории кои се во зависност од жанрот или темата. На располагање […]

0 коментари Прочитај 24 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

TED: Како да се елиминира загадувањето до 2050 година

Ако сакаме да ги спречиме климатските промени веднаш мора да започнеме со преземање сериозни мерки. До 2030 година загадувањето од јаглеродни емисии треба да се намали за 50%. За ова да се оствари, секоја година загадувањето треба да се намали за 10%, а досега ниту една година нема забележано намалување на јаглеродните емисии. Загадувањето доаѓа […]

0 коментари Прочитај 24 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести Хак-атак/Приватност

Overlay Skimmer е направа која се поставува за секунди и краде детали за бројни кредитни картички

Overlay Card Skimmer е најомиленото нешто во арсеналот на криминалците кои крадат податоци на кредитни картички. Оваа направа се поставува за само неколку секунди врз читачите на кредитни картички, а скоро е невозможно да предизвика сомнежи кај купувачите. Направата стои така со денови и собира податоци на стотици и стотици кредитни картички, се додека сопственикот […]

0 коментари Прочитај 23 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Одби да ја купи Tesla во 2017, но Apple ќе претстави свој електричен автомобил пред 2024

Tesla сега изгледа како да нема никакви проблеми и според вредноста е на врвот на автомобилската индустрија, но не така одамна компанијата беше на работ на банкрот. Ситуацијата била толку лоша што Елон Маск се обидел да ја продаде компанијата на Apple. Според неговата проценка Tesla била на неколку недели од банкрот. Тогашниот и актуелен […]

0 коментари Прочитај 23 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Вести

Чувајте лозинки на облак со AuthPass

AuthPass e солидна алатка за управување со лозинки која не само што е целосно бесплатна туку е и целосно компатибилна со KeePass. Дизајнот остава впечаток како да е директно инспириран од препознатливите Google дизајни и брзо сте оставени со мислење дека се работи за чиста и брза работна околина со усовршени можности за едноставна навигација. […]

1 коментар Прочитај 22 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Откриени се игрите кои ќе бидат бесплатни на Epic Store

Како што ве известивме неодамна, сега е одлично време да се биде гејмер, независно од тоа дали сте по бесплатни или евтини игри. Еpic Store моментно има две феноменални кампањи каде за секоја игра која чини над 15 евра автоматски активира ваучер и ја намалува цената за 10 евра. Но, оние кои се имаат заветено […]

0 коментари Прочитај 22 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција feature Интервјуа

Лештар: „Seavus продолжува да работи под истиот бренд“

По веста за продажба на една од најголемите македонски ИТ компании Seavus на чешката групација ARICOMA за сума којашто не е позната на јавноста, решивме да продискутираме со Игор Лештар – човекот кој ја основаше компанијата и е на нејзино чело 21 година… Seavus започна уште во ’99 година и повеќе од 21 година работеше […]

0 коментари Прочитај 22 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Десетици новинари на Al Jazeera жртви на zero day пропуст во iMessage

Веќе со години слушаме и читаме за тоа како уредите на Apple се побезбедни од уредите на конкурентите. Оваа недела сепак може да се потсетиме дека побезбедни, не значи и сосем безбедни. Веста за пробивањето на телефоните на десетици новинари веројатно е еден од најголемите проблеми во приказната за безбедносна на уредите на Apple, и […]

3 коментари Прочитај 21 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ФИТРгрантови: Perpetuum Code – Смарт Дент платформа за стоматолошки ординации

Овој текст е дел од серијалот „ФИТР грантови” во коj што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите. ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот, […]

0 коментари Прочитај 21 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Вести гејминг

Doom Zero е додаток кој ги проширува оригиналните игри со нови мисии

Како најнова игра од серијалот, Doom Eternal е апсолутно феноменална игра, но доколку сакате да се вратите на корените, тогаш вашиот пат мора да започне со Doom и Doom II. Првите игри од овој серијал се значително застарени, како во графиката, така и во гејмплеј механиките, но на сите заинтересирани пружаат интересен увид за почетоците […]

0 коментари Прочитај 18 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Веб Вести

3 месеци бесплатно слушање музика на Spotify

Целта на овој краток текст е да ве потсетиме дека Spotify веќе половина година е достапен во Македонија, но и да ве потсетиме дека до крајот на месецот можете да ја искористите понудата за цели три месеци бесплатно уживање во премиум услугите на една од најпопуларните платформи за слушање музика. Промоцијата се однесува на новите […]

0 коментари Прочитај 18 декември, 2020
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција гејминг ИТ.МК

GG PODKAST S07E11: Рецензија на скоро-функционалната Cyberpunk 2077, преглед на The Game Awards 2020

Оваа епизода во најголем дел беше фокусирана на најголемиот наслов кој ќе излезе овој период Cyberpunk 2077. Играта има свои проблеми и на тоа е дел од фокусот во епизодата. Секако ова ќе биде најголемиот наслов во периодот пред, и за време на новогодишните празници. Веројатно за конечен впечаток на играта ќе мора да почекаме […]

0 коментари Прочитај 18 декември, 2020
Мени
Заедница
Изглед