Неврална мрежа трансформира 124 години старо видео во HD

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

„L’Arrivée d’un train en gare de La Ciotat“ е кус француски документарен филм од 1895 година. Филмот трае 50 секунди и снимен е влезот на парна локомотива на железничката станицата во Сиотат. Продуценти и режисери на филмот се Огист и Луис Лумиер.

Ентузијастот Денис Ширјаев пронајде начин како стариот филм да го преработи во 4К резолуција и 60fps. Со помош на Gigapixel AI и Depth-Aware Video Frame Interpolation (Dain) г. Ширјаев најпрво креираше видео со 4К резолуција, а потоа со помош на неврални мрежи и Dain го зголеми бројот на фрејмови. Обработената верзија е со повеќе детали што веројатно најдобро може да се забележат кај луѓето кои го чекаат пристигнувањето на возот.

Вештачката интелигенција која се користи за креирање на новото видео користи алгоритам кој ја анализира сликата, препознава детали и структури и креира нова слика со детали. Ова е неопходно за креирање на 4К верзија на филмот која има многу повеќе пиксели кои мора да се додадат.

Покрај „upscale“-верзијата веќе има и филм во боја кој е „обоен“ со помош на вештачка интелигенција.

А овде може да го погледнете и оригиналното видео…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk