Telegram, TikTok и Signal најпреземани апликации во јануари

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Апликации за текст пораки и криптирани разговори се најпреземани во првиот месец на 2021 година. На самиот врв на листата се Telegram и Signal, a TikTok успеа да се „протне“ помеѓу текст-апликациите на листата на најпреземани.

Искачувањето на Telegram е благодарение на зголемениот интерес за апликацијата во Индија. Дури 24 отсто од преземањата доаѓаат од оваа држава, а 10 отсто доаѓаат од Индонезија, покажуваат податоците на SensorTower. Само во јануари, Telegram има 63 милиони инсталации низ целиот свет.

Листата „Топ 5“ ја заокружуваат Facebook и WhatsApp. Што се однесува на распределбата по платформи, првите 5 на Google Play се Telegram, Signal, TikTok, MX TakaTak и Facebook. На AppStore оваа листа е нешто поразлична и врвот го заземаат TikTok, YouTube, Zoom, Telegram и Facebook. Комбинирано од двете платформи Telegram, TikTok, Signal, Facebook и WhatsApp се најпреземани апликации во првиот месец на 2021 година.

Интересна е и споредбата со претходниот месец. Во декември Signal воопшто и не е на листата на најпреземаните апликации, а Telegram е на деветто место. Двете апликации успеаја да ги избуткаат Facebook, Instagram и WhatsApp. Зголемувањето на интересот доаѓа по промените на условите за користење на WhatsApp и зголемениот интерес за нови платформи по отстранување на Доналд Трамп од најголемите друштвени мрежи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk