MetaHumans Creator е нова алатка за креирање на дигитални човечки ликови

0 коментари 1 мин. читање

MetaHumans Creator е нова алатка од Epic која на корисниците ќе им овозможи многу поедноставно, полесно и побрзо да креираат фотореалистични дигитални човечки ликови. Алатката ќе се користи во прелистувач, а ликовите кои се креираат изгледаат речиси реално.

За жал, засега нема можност да се тестира алатката, но Epic со неколку видеа ги претстави можностите и начинот на кој се креираат ликовите. Според она што може да го видиме и најавата, карактерите кои се користат во презентациите се целосно завршени и се достапни за користење во Unreal Engine 4.26.1.

MetaHuman Creator е облак апликација која го скусува времето потребно за креирање на дигитален модел на човек од неколку недели, па и месеци, на помалку од еден час – со досега ненадминат стандард за квалитет, веродостојност и реализам. Кога карактерот е завршен, може да го експортирате и да го преземете, целосно ригуван (rigged) и подготвен за анимација во Unreal Engine.

Според најавата MetaHuman Creator излегува оваа година, но барем засега нема точна дата. За среќа двата готови модели се веќе достапни за тестирање, барем на втората фаза на анимирање на моделите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top