Google Stadia ги затвара студијата за девелопмент

Google Stadia, платформата за која пишувавме пред нецели две години, најави дека ќе го промени својот фокус, и ги затвори студијата за развивање на игри. Платформата уште при основањето ветуваше дека ќе направи револуција во светот на гејмингот, а покрај тоа, се спомнуваа и игри кои ќе се развиени од двете студија кои работат под Stadia.

Иако ниту студиото во Монтреал, ниту она во Лос Анџелес воопшто немаат игри достапни за јавноста, Google одлучија да ги затворат двете. Иако ова ќе значи дека околу 150 девелопери ќе останат без работа, од Google ветуваат дека ќе се обидат да им најдат нови улоги во компанијата.

И покрај ова, Google ќе продолжи со Stadia Pro, сервисот кој чини $10 месечно. Планот на Google е да донесат нови студија и игри кои би биле достапни на сервисот, но по сé изгледа планот Stadia да стане конкурент на модерните конзоли нема да се оствари.

Фокусот на Google со Stadia се врти накај издавачите на игри, особено оние кои бараат технологија за стриминг за нивните игри.

“Гледаме важна можност да работиме со партнери кои бараат решение кое ќе е изградено врз напредната инфраструктура и алатките на Stadia. Веруваме дека ова е најдобриот пат до тоа Stadia да стане долготраен, одржлив бизнис кој ќе и помогне на индустријата да порасне.”

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments