Samsung Galaxy 21 креира поубави фотографии од професионални фотоапарати

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

Фотографиите од Месечината направени со новата камера на Galaxy 21 Ultra се толку добри што е тешко да се поверува дека се сликани со телефон. Некои луѓе дури и се сомневаат дека Samsung повторно користи некој трик за да ги измами.

Хардверот и вештачката интелигенција креираат супер детални фотографии од Месечината. Сепак многу повеќе од хардверот за деталите е „заслужна“ вештачката интелигенција. Без сомневање ниту најдобрите телефони немаат „хардвер“ кој може да се спореди со професионалните фотоапарати.

Она што требаше да биде само показател дали Samsung „лепи“ текстури врз фотографиите на Месечината, наскоро стана показател дека вештачката интелигенција игра поголема улога од квалитетот на леќите. Г. Вонг од Inputmag го тестираше Sony A7R III со 200-600mm објектив и го спореди со телефонот. Идејата му беше да провери дали сликите се идентични. Ако камерата покаже иста положба на месечината, тогаш е јасно дека телефонот не лепи слики врз месечината.

Со споредба на фотографиите (може да ги видите на страницата Inputmag) веднаш станува забележлива моќта на постпроцесирањето. Сликата на месечина на S21 Ultra е поостра со повеќе детали во кратерите. Со вклучени Scene Optimizer, Zoom Lock квалитетот и х100 зум разликата е огромна. Секако дека фото-опремата е значително поквалитетна од фотографски аспект, но вештачката интелигенција ги обработува сликите, и креира фотографија која е поостра од она што може да се забележи и со голо око.

Вештачката интелигенција и начинот на кој функционира е слична кај сите телефони кои ја поддржуваат, од Pixel до iPhone, и Samsung не е исклучок. Со притискање на копчето телефонот прави 20 фотографии, потоа со нивно комбинирање и процесирање се креира една фотографија. По ова се прави и дополнителна обработка пред да биде креирана финалната фотографија.

Samsung има 20 различни сцени кои ги препознава и веројатно вештачка интелигенција е тренирана за овој тип на фотографии.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] со кои успеа да покаже дека Samsung ги менува текстурите. Samsung во минатото ги уверуваше своите корисници дека при […]