Викимедија Македонија реагира на Отчетот на ВМРО-ДПМНE
Соопштение од Викимедиа Македонија: Во “Отчетот за работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 2006-2011” , во делот што се однесува на проектите кои оваа Влада ги спровела во рамките на информатичкото општество се наведува и проектот “Зголемување на македонските содржини на Википедија” (стр. 171). Иако го поздравуваме овој проект, по извесни реакции и недоумици во јавноста во врска со изнесените податоци, би сакале да укажеме на некои, се надеваме, ненамерни пропусти и недоречености.