Сега e време за агрегатор на групните попусти

во ИТ.МК

Сите овие сајтови нудат дневни попусти, често по неколку во исти период и сите овие сервиси праќаат куп имејл пораки до корисниците бидејќи за да ги користиш мора да оставиш имејл, што евентуално сето тоа се претвара во спам. За тие што не знаат што е групно купување, сајтовите нудат дневен попуст, пример 50% на пица и за да биде успешен попустот мора да има барем 30 луѓе кои го купиле. Ако резервирате билет, а не се соберат доволно луѓе, парите ви се враќаат. Интересен концепт за попусти кој во период од само 2 години стана хит низ светот.

Идејата за .мк агрегатор на понуди воопшто не е чудна. Поедноставно е да се следи еден сајт, еден мејл и една Facebook страна. Не само што не е нова идеја, веќе има купишта агрегатори за попусти ширум светот и на Балканот. Пример, во Хрватска ги има grupiranje.com и dajsve.com.

Од бизнис страна креирање на агрегатор за понуди има повеќе логика од стартување на сајт за групно купување на веќе натрупан пазар со голема конкуренција. Според тоа што го знаеме денес, .мк агрегаторите за вести, пример, Time.mk и Daily.mk функционираат беспрекорно и со профит.

Секако, агрегирање содржина од други секогаш може да биде проблем за самите оригинални сајтови за групно купување бидејќи се извлекуваат посетителите и ги споредуваат понудите со што може да се запостават некои попусти за кои сајтовите за групно купување веруваат дека треба да се истакнат. Вакви проблеми, пример, веќе има со гореспоменативе .hr сајтови, иако конечната продажба на попусти треба да биде најголем фактор без врска од каде доаѓа.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
9 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] да бидете први. На почетокот на 2011-та година одеднаш се појавија шест сервиси за групно купување. Меѓу нив секако беше и Grouper и Kolektiva, […]

Marina
Marina
11 years ago

imate greska vo objavata ne e http://www.voskopje.mk , tuku e www. voskopje.com

IT.com.mk
11 years ago
Reply to  Marina

tnx :) popraveno

trackback

[…] агрегатори се појавија од неодамна продолжувајќи го трендот на групното купување. За тие што не знаат, групното […]

Dado
Dado
11 years ago

Ете го и http://popust.be :)

Daniel B
11 years ago

Заради овој пост го пуштив alfa сајтот :) http://evtino.mk

Сандра
Сандра
11 years ago
Reply to  Daniel B

Брза реакција :)

@pankipan4e
11 years ago
Reply to  Daniel B

Кога успеа да регистрираш домејн жити се? :)

Georgij Golaboski
Georgij Golaboski
11 years ago
Reply to  @pankipan4e

некоја јака финта, изгледа :D

ит кариера

Matrix Global

QA Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

BI Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk