Се одржа HackTheHackers 2011

Ја имав таа чест да бидам презентер на настанов. Зборував за актуелни напади врз веб сервиси (Attacking Web Services) и за многубројните видови на напади врз веб апликации воопшто, како и демонстрација на SOAP Injection и Information Leakage напади каде што извршив неавторизирана трансакција од една сметка на друга и префрлање (крадење) на пари преку веб сервисот на лажната банка “Нимбус Банка А.Д.” со помош на алатката soapUI од eviware.

Мане Пиперевски од Zero Science Lab кој и воедно е Certified EC-Council Instructor зборуваше за распространетите Phishing напади каде што со помош на BackTrack дистрото и Social Engineering Toolkit (SET) приборот на Дејвид Кенеди (ReL1K), успеа да демонстрира измама и крадење на идентитет со помош на Scamming (е-маил адреса и клонирана веб страна на лажен веб сервер) и HTTP Sniffing.

На настанот, за изненадување на публиката, презентираа и сопственикот на Net Academia, Марсел Фоти и Чаба Барта, еден од ретките развивачи на rootkit-ови во светот. Унгарецот Чаба, за првпат во светот демонстрираше се уште не детектиран rootkit кој работи на сите Microsoft платформи, освен Windows Server 2008 R2 поради што е 64 битен. Г. Барта успеа со помош на неговиот rootkit комплетно да ја одстрани автентикацијата на самиот оперативен систем велејќи “зошто да користиме brute-force password guessing кога можеме да си влеземе без никаква лозинка”.

Тој исто така демонстрираше и откривање на клучевите на BitLocker со помош на FireWire (1394) портот и модифициран firmware на самата технологија. Прекрасно!

Можете да ја погледнете демонстрацијата на г. Чаба на Hacker Halted 2010 конференцијата во Мајами, каде што и беше прогласен за најдобар говорник.

На самиот крај на настанот следуваа и доделувања на награди со извлекување каде што Семос Едукација додели неколку капчиња, стипендии за новиот CEH верзија 7 курсот и карти за следната Hacker Halted 2011 конференција во Мајами.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Deni Zantevski
13 years ago

Na semos stranicata mozes da vidis

alex
alex
13 years ago

SEMOS si go reklamiraat kursot za etical hacking

Dame Jovanoski
13 years ago
Reply to  alex

Sigurno nemas nesto popametno da napisis.

Kosta Dinev
13 years ago

Одлично

види ги сите огласи на kariera.it.mk