Dropbox призна дека сите 25 милиони профили биле незаштитени скоро 4 часа
Популарниот сервис за складирање документи откри дека поради грешка дозволиле корисничките фајлови да бидат „на отворено“ цели 4 часа. Се работи за 25 милиони корисници со купишта складирани документи кои можеле во неделата да бидат отворено само со додавање на корисничкиот имејл и било која лозинка, дури и лозинка само со една буква.